Најчестите мејкап правила: Што е мит, а што вистина?

Кога сме помлади и кога се наоѓаме на почетокот на целата филозофија на шминкањето, обично веруваме во некои правила кои сме ги прочитале на непроверени извори. Сепак, проблемот е во тоа што веруваме во тие правила и кога ќе остариме, а тогаш ќе се открие дека тие не биле ништо друго освен митови! Но тогаш, која е вистината?

1-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_

Мит бр. 1: Црвениот кармин не им стои на сите!

Вистина: 110% неточно! Црвениот кармин им стои на сите, но само е потребно да ја изберете вистинската нијанса во однос на вашата кожа.

2-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_

Мит бр. 2: Маскарата треба да ја фрлите откако ќе ја потрошите?

Вистина: Не, маскарата треба да ја фрлите после 3 месеци користење. Секако, и порано ако ја потрошите. Но, рокот на траење на маскарата е 3 месеци, бидејќи после тоа таа е само легло на бактериите и нечистотиите кои може да доведат до иритации и инфекции.

3-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_

Мит бр. 3: Не мора секогаш да ја бришете шминката пред спиење?

Вистина: Некогаш се случува да заспиеме со шминка на лицето, но тоа е навистина штетно за нашата кожа. Тоа е така, бидејќи нашата кожа се обновува токму кога спиеме, а доколку ја „затвориме“ со тешка шминка, наутро кога ќе се разбудиме таа воопшто нема да изгледа свежо. Напротив, очекувајте нови акни и многу затворени пори.

4-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_

Мит бр. 4: Шминката нема рок на траење?

Вистина: Исто како и маскарата, секоја шминка има свој рок на траење кој е одбележан на пакувањето. Значи, од отворањето, па неколку месеци, зависи од тоа за кој производ станува збор. После истекување на рокот на траење, задолжително фрлете го тој производ за да ја заштитите вашата кожа.

5-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_

Мит бр. 5: Не мора да ги чистите четките за шминка, ако ги користите само вие?

Вистина: Никако! Без разлика дали ги користите само вие или повеќе луѓе, на нив секојдневно се собира нечистотија, прашина, бактерии… И ете, повторно акни! Накратко, чистете ги редовно.

6-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_

Мит бр. 6: Шминката не може да се расипе?

Вистина: Зависи. Водете сметка за тоа колку е рокот на траење на производите и на какво место ги чувате (темно, светло, топло, ладно).

7-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_

Мит бр. 7: Хидратантната крема може да го замени прајмерот?

Вистина: Не баш. Двата производи може да ја одржуваат хидратацијата на кожата, но благодарение на прајмерот, шминката трае многу подолго на вашето лице и порите се помалку видливи.

8-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_

Мит бр. 8: Прво се нанесува коректор, па пудра?

Вистина: Обратно. Најдобро е прво да нанесете пудра, а потоа коректор. Секако, доколку е потребно.

9-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_

Мит бр. 9: Веѓите треба да бидат две нијанси потемни од бојата на косата?

Вистина: Само доколку имате светла коса нашминкајте ги веѓите за да бидат потемни. Ако вашата коса е веќе темна, премногу темните веѓи ќе направат да изгледате чудно. Значи, не!

10-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_

Мит бр. 10: Темниот ајлајнер ги прави очите покрупни?

Вистина: Само ајлајнер во комбинација со светла сенка – да. Зачадените очи, баш напротив, ги прави очите впечатливи, но не и покрупни. Исто така, на внатрешната долна линија од окото секогаш нанесувајте бел молив за очи, бидејќи тој ќе го „отвори“ вашиот поглед, спротивно од црниот кој ќе го „стесни“.

11-10-mejkap-pravila-koi-se-mitovi-no-koja-e-vistinata-www.kafepauza.mk_

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар