9 карактеристики со кои се издвојуваат емоционалните алфа жени

9 карактеристики со кои се издвојуваат емоционалните алфа жени

Сигурно веќе знаете дека алфа жените се силни и независни жени. Но што е со емоционалните алфа жени? Ако ги набљудувате овие жени во вашиот живот, ќе забележите неколку карактеристики што досега не ви паднале во поглед, а што се карактеристични за моќните, но и емоционални дами со златно срце. Погледнете што ги карактеризира и како и вие да станете една од нив…

12-те најголеми знаци дека сте емоционална алфа жена

1. Тие се центарот на вниманието – И тоа не е затоа што сакаат, туку непланирано се наоѓаат во овие ситуации. Луѓето постојано сакаат да разговараат со нив и им бараат совети, бидејќи самодовербата им е заразна!

2. Нивниот живот има цел – Тие имаат цели во својот живот и секојдневно се обидуваат да ги постигнат. Ако забележите подобро, ќе сфатите и дека тие не знаат да живеат на друг начин. Во нивното битие се наоѓа желбата да стануваат подобри и посилни.

3. Одлично се чувствуваат кога се сами – Времето поминато во самотија ги полни со енергија. Ова време исто така го користат и за да размислуваат за големите нешта во животот, од идеите и плановите, до проблемите и тешкотиите.

4. Постојано бараат баланс во животот – Важна им е рамнотежата во сите аспекти од животот и напорно работат за истата да ја постигнат. Тие обожаваат да се грижат за своето тело, бидејќи го сметаат за своето најголемо богатство. Но исто така се развиваат и интелектуално бидејќи знаат дека мудроста и знаењето можат далеку да ги одведат.

5. Не се плашат од промени – Вистинските емоционални алфа жени не се плашат од промени. Всушност, тие ги прифаќаат како составен дел од својот живот и ги дочекуваат со ширум отворени раце.

6. Тие ги сакаат луѓето – Нивното срце изобилува со љубов и не им е проблем да ја делат со сите околу нив. И покрај тоа што на многумина им е тешко да се зближат со спротивниот пол, за нив ова е една од најлесните работи во животот. Ако некој им се допаѓа, едноставно му приоѓаат и подобро го запознаваат.

7. Луѓето многу ретко ги разбираат – Постојат одредени нешта во кои емоционалните алфа жени веруваат, што другите неретко не ги разбираат. Живееме во свет каде што сите пробуваат да бидат исти, но овие жени едноставно не можат да се вклопат во тие шаблони.

8. Често ризикуваат за своите соништа – Постои една стара изрека што вели: „Кој се осмелува, тој победува!“ Тоа е мотото на овие жени. Тие обожаваат да пробуваат нови работи и да ризикуваат – токму тоа е она што ги мотивира да се движат напред низ животот.

9. Никогаш не се откажуваат – Ова е една од нивните најдобри особини. Благодарение на неа, ретко која емоционална алфа жена не е успешна во својот живот. Тие се упорни и тврдоглави и едноставно не постои цел што не можат да ја достигнат.

8 лекции што алфа жените треба да ги научат за да воспостават рамнотежа меѓу работата и приватниот живот!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар