3 хороскопски знаци што најверојатно ќе се допишуваат со својот поранешен партнер за време на карантинот

3 хороскопски знаци што најверојатно ќе се допишуваат со својот поранешен партнер за време на карантинот

Додека сте дома, размислувате за многу работи, па дури и за поранешниот партнер. Астрологијата открива кои хороскопски знаци ќе паднат во искушение да му испратат порака на поранешниот партнер, но, сепак, размислете двапати пред да ја испратите пораката.

3 хороскопски знаци што најверојатно ќе се допишуваат со својот поранешен партнер за време на карантинот

1. Бик

На Биковите не им е тешко да останат дома. За да им помине времето, ќе гледаат серии и ќе разговараат со пријателите преку видеоповици.

Но, додека гледате филм во петок навечер, немојте да се изненадите ако се почувствувате осамено. Бикот е еден од хороскопските знаци што најмногу ги ценат врските и затоа во вашата природа е да копнеете по друштво и по тоа што сте го имале во минатото.

Ова е период кога ќе посегнете по вашиот телефон и ќе започнете да го барате името на поранешниот партнер. Можеби тоа ќе ви изгледа како добра идеја во моментот, но не залажувајте се. Наместо тоа, напишете му порака на некој ваш пријател, прегрнете го вашето куче и почекајте уште малку за да прегрнете некоја нова личност штом ќе заврши карантинот.

2. Лав

Припадниците на овој хороскопски знак бараат внимание. Сакаат да бидат во центарот на вниманието, без разлика дали тоа значи да ги натераат пријателите да се смеат на нивните шеги или да му го привлечат вниманието на поранешниот партнер.

Бидејќи вашите активности се ограничени додека сте во карантин, идејата да се допишувате со поранешниот партнер ви звучи многу возбудливо.

Во зависност од тоа како завршила вашата врска, можеби не е паметно да им пишете „здраво“. Но, знаете дека ќе биде возбудливо и дека постои можност да добиете внимание од некој што го познавате многу добро.

Сепак, дали навистина ви е потребно внимание од бившиот покрај сите останати луѓе? Размислете двапати пред да посегнете по телефонот.

3. Скорпија

Вие сте среќни затоа што сте дома и можете да читате книги, да разговарате со пријателите или едноставно да се изгубите во вашите мисли. Кога сте расположени, не размислувате за ништо друго.

Сепак, пишувањето пораки на поранешниот е забрането и затоа ви се допаѓа таа идеја. Вие знаете каква порака да му испратите за да добиете одговор.

Разговорот со личноста со којашто порано бевте многу блиски ќе направи да се чувствувате подобро, но имајте на ум дека постојат многу други луѓе што би биле среќни ако имаат можност да разговараат со вас.

Прочитајте кои хороскопски знаци најверојатно ќе ја прекинат долгата врска додека се во карантин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар