80 прашања кои секој треба да си ги постави себеси

На крајот од секој ден, недела, месец или година, повеќето луѓе погледнуваат наназад да видат што направиле и размислуваат за иднината и за она што им претстои. Во тие моменти ги сумираме впечатоците, ги анализираме реакциите и учиме од искуствата. Овој процес ни помага да се издигнеме и да собереме мотиви за остварување на целите и за долготрајна среќа. Следниве 80 прашања ќе ви помогнат да си направите една себе-анализа и да си ги дадете себеси одговорите на многу едноставни, но важни прашања.

80 прашања кои секој треба да си ги постави себеси

1. Во една реченица, кои сте вие?
2. Што ви е најважно во животот?
3. Кое е вашето животно мото?
4. Што е тоа што вие го поседувате, а другите мечтаат за тоа?
5. Што недостасува во вашиот живот?
6. Во последно време за што најмногу размислувате?
7. Што е според вас среќата?
8. Што најчесто стои помеѓу вас и среќата?
9. Што ви е најмногу потребно во овој момент?
10. За што мечтае детето во вас?
11. За која работа сте најсигурни во овој момент?
12. Се плашите ли до нешто?
13. Дали стравот од неуспех ве сопрел да направите нешто?
14. Од што никогаш нема да се откажете?
15. Што сакате засекогаш да остане во вашето сеќавање?
16. Што прави да се чувствувате сигурно?
17. Од која активност губите чувство за простор и време?
18. Која е најтешката одлука која некогаш сте ја донеле?
19. Која е најдобрата одлука која некогаш сте ја донеле?
20. За што сте најмногу благодарни?
21. За што вреди да се трпи болка?
22. Доколку ги наредите по важност следниве поими: среќа, пари, љубов, здравје, слава, како би изгледала листата?
23. Што е тоа за кое отсекогаш мечтаете, а сè уште го немате?
24. Кој момент од измината година ви претставуваше вистинско уживање?
25. Која е најважната работа што морате да ја промените во следните 12 месеци?
26. Која е најважната цел што сакате да ја достигнете во наредните 5 години?
27. Кој е најголемиот мотиватор во вашиот живот моментално?
28. Што никогаш не би сториле?
29. Дали постои нешто за кое сте рекле дека никогаш нема да го сторите, а сепак сте го направиле?
30. Што најново сте научиле за себеси?
31. Дали некогаш се преправате дека нешто разбирате, а всушност немате поим за што ви зборуваат?
32. Во една реченица, што си посакувате себеси?
33. Што најмногу ве мачи за иднината?
34. Кога ќе погледнете во минатото, што најмногу ви недостасува?
35. Кога ќе погледнете во минатото, што најмалку ви недостасува?
36. Во последно време, што ве потсетило дека времето лета?
37. Кој е најголемиот предизвик за вас во овој момент?
38. Со еден збор, како би го опишале вашиот карактер?
39. Што секогаш успева да ве налути?
40. По што сте препознатливи помеѓу семејството и пријателите?
41. Што вашите блиски луѓе не знаат за вас?
42. Која е најчестата погрешна слика, која луѓето ја добиваат за вас?
43. Што луѓето најчесто прават, со што вие воопшто не се согласувате?
44. Во што верувате, а останатите луѓе околу вас се скептични за тоа?
45. Што за вас е тешко, а останатите го прават брз проблем?
46. Кои топ три квалитети ги барате во еден пријател?
47. Кое е највредното нешто што го поседувате?
48. Доколку се отселите 5.000 километри подалеку од дома, што најмногу ќе ви недостасува?
49. Што би ве насмеало во моментов?
50. Што правите во ситуација, кога ништо не ве расположува?
51. Што не треба да се подобри во вашиот живот?
52. Без што не можете да издржите во текот на еден ден?
53. Која е најголемата лага во која сте поверувале?
54. Кое е најлошото нешто што ви се случило, а ве направило посилен/а?
55. Кое нешто другите никогаш нема да можат да ви го одземат?
56. Дали постои некоја навика, за која ви е мило што сте се одвикнале од неа?
57. На која активност треба да посветите повеќе време?
58. На што најмногу треба да внимавате?
59. На што треба да му се пристапува сериозно, но без страв?
60. Од кои три работи во животот никогаш не е доста?
61. Што во животот би сториле поинаку доколку не би ви било страв од осудувања?
62. Што најмногу ве фасцинира?
63. Што би правеле секој ден доколку би можеле?
64. Што е полошо, да не успееш или да не се обидеш?
65. Што прави да се чувствуваш некомплетно?
66. Дали точно можете да посочите ситуација која претставува пресврт во вашиот живот?
67. До што или до кого посакувате да живеете поблиску?
68. На кого можете да се потпрете во секое време?
69. Што прави да се чувствувате удобно?
70. Што кај вас никогаш не се има променето?
71. Што мислите дека ќе биде различно во вашиот живот за една година од денеска?
72. Кои грешки упорно ги повторувате?
73. На што ви е најтешко да кажете „не“?
74. Што порано ве плашело, а сега не?
75. Дали постои ветување кое сте си го дале себеси, а сè уште си го немате исполнето?
76. Кое е наједноставното нешто што може да изнуди насмевка на вашето лице?
77. Како знаете дека е време да се продолжи понатаму?
78. Кое нешто би сакале да го доживеете повторно?
79. Кога ќе навлезете во длабока старост, што мислите, што ќе ви биде најважно?
80. За што би жалеле доколку не го сторите тоа во животот?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар