8 знаци дека не сте мрзливи, туку „селективно мотивирани“ (и зошто тоа е добро за вас!)

Кога ќе го погледнете својот живот и ќе си помислите: „Треба да бидам во подобра форма“, „Треба да имам повеќе пари“, „Треба повеќе да работам“… можеби причината поради која не сте ги оствариле овие цели не е затоа што сте мрзливи, туку затоа што едноставно не се грижите за нив онолку колку што ви налага општеството.

8 знаци дека не сте мрзливи, туку „селективно мотивирани“ (и зошто тоа е добро за вас!)

Светот нè тера да помислиме дека треба да бидеме сè, во секое време. Дека откако еднаш ќе освоиме одредена област во нашите животи, треба веднаш да ја фокусираме енергијата кон следната. Но можеби вие едноставно не функционирате на тој начин… Можеби не вежбате бидејќи не мислите дека нешто не е во ред со вашето тело. Можеби не почнувате сопствен бизнис, бидејќи длабоко во себе чувствувате дека тоа не е за вас.

Понекогаш, изгледа дека тоа што не можете да го поправите, не ни треба да биде поправено, и проблемот се јавува затоа што едноставно не можете да го прифатите онакво какво што е. Но успешните луѓе веќе ја научиле оваа лекција. Тие не ја трошат енергијата на нешта што не им значат. Па ако сакате да дознаете дали и вие сте едни од нив, погледнете ги следниве знаци.

1. Кога сте автентично инспирирани од нешто, никогаш не се парализирате. Но имате потешкотии да се натерате да направите нешто што не сакате.

2. Постојано се убедувате дека треба да направите нешто повеќе. Во свет што постојано ве учи дека ништо не е доволно, понекогаш заборавате на она што досега сте го постигнале.

3. Не се плашите да се откажете ако сфатите дека нешто не функционира. Многу луѓе остануваат на работно место што не им одговара или со партнери што не им се соодветни, само затоа што се плашат од промени. Но понекогаш токму „откажувањето“ е тоа што ќе ве одведе на вистинскиот пат.

4. Одлични сте само во читање книги и слушање часови и предавања што ви се интересни. Ако книгите ви се досадни, веднаш ги оставате, а успехот на оние часови или предавања што не ве интересираат ви е многу понизок од останатите. Ова не значи дека сте помалку интелигентни од врсниците околу вас, туку дека не сакате да одвоите време за нешто што не ви е важно.

5. Верувате дека имате голема цел во животот. Оваа цел ги надминува стандардните 8-часовни работни обврски, плаќањето сметки и останатите секојдневни рутини…

6. Не сакате да ја трошите целата своја енергија за исполнување на туѓите соништа. Вие сте мотивирани само кога знаете дека сте си создале нешто за себе.

7. Попрво би сакале да се чувствувате исполнето отколку удобно. Да бидете селективно мотивирани, не значи дека се откажувате лесно или дека го одбирате полесниот пат, туку дека сте спремни да страдате само за она што навистина ви значи и ви вреди.

8. Ве мотивираат само оние нешта за кои се грижите. Истите оние нешта во кои сте навистина добри. Овие две нешта во тандем, ја создаваат вашата животна цел.

Дознајте и како успешните личности наоѓаат мотивација во лоши услови.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар