8 типови фраери кои не сакаат да се врзат

Пастувот знае дека е неодолив за жените и тоа го искористува, на ловецот „пленот“ бргу му досадува, а скршеното срце поради стравот повторно да биде повреден ќе остане сам.

8 типови фраери кои не сакаат да се врзат

Повеќето мажи темелно ја разработуваат стратегијата на заведување, но има и такви на кои им е помила стратегијата на бегање, бидејќи не сакаат да се врзуваат. Според психологот Џорџ Вајнберг, причина за ваквото однесување на мажите е стравот дека ќе ја изгубат својата мажественост, доколку се заљубат и врзат за една жена. Тие се воспитувани да не ги покажуваат своите чувства и слабости, па поради тоа целиот свој живот докажуваат дека се олицетворение на моќ.

Ако сте во врска со некој кој не сака да се врзе, треба да му дадете на знаење дека и покрај вас може да биде и да остане вистински мачо фраер.

Ловец без граници

За него вечерното излегување е само лов, жената е плен, а целта само добра забава и секс, па според тоа врската со само една жена не се вклопува во тоа. Доколку овој тип вечен заводник се врзе за една жена, таа најверојатно нема да може да држи чекор со него и на долг рок да ги задоволи неговите сексуални апетити, па затоа тој ќе излезе од таа врска.

8 типови фраери кои не сакаат да се врзат

Пастув – една не е доволна

Во оваа категорија честопати спаѓаат познатите спортисти и ѕвезди. Жените што се во врска со овој тип маж живеат во постојан страв дека ќе го изгубат, бидејќи се свесни дека тој може да биде со скоро секоја жена што ќе ја посака. Овие мажи ретко се врзуваат, но и ако влезат во сериозна врска, таа ќе биде кревка и кршлива, токму каква што е и нивната посветеност кон партнерката.

8 типови фраери кои не сакаат да се врзат

Господин скршено срце

Тој ги има поминато сите фази, од изјави за вечна љубов до болни прекинувања на врската. Разочарувањето и одбивањето кои ги има доживеано после разделувањето со партнерката оставиле голем траг на него, па затоа тој не сака да се впушти во нови сериозни врски, бидејќи се плаши дека може повторно да биде повреден.

Страв од гушење и етикета на папучар

Овој тип мажи уште на првиот состанок проценуваат дали во врската ќе можат да останат мачо типови или ќе бидат папучари. Најпрвин проценуваат дали покрај партнерката ќе можат слободно да дишат, или пак ќе мораат да ѝ полагаат сметки за секој чекор.

8 типови фраери кои не сакаат да се врзат

Мажите сакаат да бидат потполно сигурни дека жената го сака искрено, дека со него не е само поради парите или поради намерата да си најде сопруг, бидејќи времето ѝ одминува. И покрај тоа што мажот сака да ја сочува својата слобода, тој уште од самиот почеток на врската од жената бара потполна посветеност. Мажите исто како и жените сакаат блискост, но во исто време стравуваат дека ќе ја изгубат својата слобода, дека жената ќе им ги троши парите и дека во очите на другите мажи ќе изгледаат како папучари.

Расеан, сака врска ама…

Тој едноставно не може да се среди. Постојано се обидува да ги среди работите, но му се чини дека мора уште многу работи да направи пред да биде спремен за сериозна врска со жената која ја сака. И покрај тоа што таа врска ја доживува како светло на крајот од тунелот, проблемот е во тоа што тунелот низ кој поминува е многу, многу долг.

8 типови фраери кои не сакаат да се врзат

Скржавец, тој мисли дека врската е скапа

Многу мажи не сакаат да се врзуваат пред да обезбедат добра финансиска состојба. Сериозната врска подразбира вечерни излегувања, вечери, подароци и на крајот, се разбира, прстен. Сето тоа чини пари, а кога станува збор за финансиите, скржавците се многу внимателни и практични, па честопати парите им се поважни од љубовта.

Нарцис

Тој секогаш предолго и многу опширно зборува за себе. И покрај тоа што изгледа совршено, и понатаму внимателно продолжува да работи на градењето на својот имиџ. Ваквиот маж нема да ви биде посветен, бидејќи тој е премногу посветен на самиот себе.

8 типови фраери кои не сакаат да се врзат

Вечно дете

Мажите никогаш вистински не одрастуваат. Дури и тогаш кога ви се чини дека пред вас се наоѓа потполно зрел маж, всушност зад таа фасада се крие голем труд, енергија и самодисциплина. Некои мажи пак, и покрај целиот труд не можат да ја скријат својата хронична незрелост и детско однесување, а одреден степен на зрелост секако е предуслов за влегување во сериозна врска.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    Ja mislam deka gi ima tuka nabrojano site tipovi na fraeri…

Остави коментар