8 начини да ги олесните тешките разговори

Без разлика дали се работи за проблеми со сексот, тајни, пари и слично, многу е важно да разговарате особено ако ве мачи нешто и се нервирате поради разговор кој сѐ уште не се ни случил. Веќе долго време сте го одложувале соочувањето, најмногу поради тоа што не знаете како да почнете и се плашите дека сето тоа ќе прерасне во жестока караница. Пред да проговорите што било, најдобро би било да се подготвите. Ова се 8-те работи што можете да ги направите за да ги олесните тешките разговори и да не го уништите односот со личноста со која треба да разговарате…

8 начини да ги олесните тешките разговори

1. Не заборавајте на тајмингот

Најдобро е да одберете период од денот кога и двајцата сте одморени, сконцентрирани и внимателни. Со други зборови, не почнувајте тешки разговори доколку личноста само што се вратила дома по 10 часа работа.

2. Обрнете внимание на вашето расположение

Ако сте лути, исплашени или збунети, ќе испраќате измешани знаци и само ќе ги отежнете работите. Вдишете длабоко, соберете се и сетете се на тоа колку ви значи оваа личност. Бидете нежни и јасни.

3. Обрнете внимание на вашиот говор на тело

Она што го кажувате преку вашиот говор на тело, положба на телото и изразот на лицето може веднаш да биде забележано од страна на човекот со кого разговарате. Обрнете внимание на вашиот став, раце и изрази. 93% од комуникацијата се пренесува преку говорот на телото, а тоа е доста голем процент. Токму затоа луѓето можат да го препознаат вашето расположение уште пред да почнете со зборување.

4. Бидете искрени

Замислете си сценарио во кое се одвива разговорот што постојано го одложувате. Замислете како личноста со која треба да разговарате ви зборува на искрен и нежен начин. Заслужувате да ја чуете вистината, се согласувате? Истото важи и за вашиот соговорник! Колку повеќе го одложувате соочувањето толку понепријатно ќе ви биде кога ќе се однесувате на еден начин, а однатре ќе се чувствувате сосема поинаку. Време е да ја кажете целата вистина.

8 начини да ги олесните тешките разговори

5. Имајте на ум дека повторувањето е мајка на знаењето

Зборувајте му на огледалото во тоалетот или вежбајте во автомобилот додека одите на работа. Не размислувајте за разговорот во себе туку слушнете се како зборувате. Колку погласно го кажувате она што треба да се каже толку повеќе ќе се поштедите себеси од шокот при пренесувањето на пораката. Ако го повежбате разговорот неколку пати, нема да почнете да плачете среде вистинската конверзација.

6. Останете во сегашноста

Што значи ова? Тоа значи дека треба да употребувате зборови што ги отсликуваат вашите чувства и мисли во моментот, а не во далечното минато или иднина. Кога ќе започнете со разговорот, држете се до моменталните и неодамнешните ситуации, а не до тие од пред 2 години. На пример, доколку се гледате со некој дечко веќе подолго време, но сѐ уште не сте го дефинирале вашиот однос, можете да почнете на следниов начин:

„Последните неколку недели и месеци не делуваш среќно. Како си? Дали си среќен? Јас не сум среќна веќе некое време и сакав да проверам што мислиш за нас. Навистина би сакала да разговарам со тебе за да ги решиме работите. Дали мислиш дека треба да го преземеме следниот чекор во врската?“

7. Најдете време за разговор што и на двајцата ќе ви одговара

Можете да се договорите кога ќе разговарате, доколку ви е тешко самите да најдете погоден момент. Тоа можете да го направите на следниов начин.

„Тешко ми е да ти го кажам ова, но морам да разговарам со тебе за нешто важно што нѐ засега и двајцата. Може ли да разговараме сега? Или кога би ти одговарало тебе да седнеме и да зборуваме?“

8. Кажете сѐ

Минатото само гради ѕидови помеѓу вас. Вистина е дека некогаш треба да разговарате за минатите проблеми и недоразбирања. Меѓутоа, пред да тргнете во таа насока мора веќе да сте поминале неколку успешни дискусии кои не завршиле со жестока караница. Кога ќе ги усовршите вашите вештини за комуникација, ќе добиете самодоверба и ќе можете да се справите со поделикатните разговори кои сте ги одложувале подолго време.

Најпрво, обидете се го најдете вистинското време и место разговор кога и двајцата сте одморени. Никако немојте да разговарате под дејство на алкохол. Не заборавајте дека можете да имате значаен и позитивен разговор за она што ви пречи без да повредите и навредите некого.

Во продолжение прочитајте кои се разговорите што треба да се прават лице в лице.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар