7 моќни зен принципи и како да ги примените во модерниот живот

Денес речиси секој бара некој краен резултат. Научени сме да работиме кон нешто што ќе ни ги оправда делата. Брзаме кон просветлувањето наместо да обрнеме внимание на самиот пат.

7-zen-principi-i-kako-da-gi-primenite-vo-moderniot-zhivot-kafepauza.mk

Но, зенот нè учи на спротивното. Не постои конечно просветлување. Или ако постои, тоа се наоѓа во моментот, за време на самиот процес. Просветлувањето не е дестинација, туку насока. Тоа не е вистина, туку процес. Единствениот начин да го пронајдете не е да го барате, туку да бидете без потребата да го достигнете. Но ако ова не е доволно за вас, погледнете ги 7-те моќни зен принципи кои можете да ги додадете во вашиот живот.

1. Зенот и уметноста на длабоките прашања

Она што е важно да го разберете е дека фокусот на зенот е да ги поставите вистинските прашања. Прашањата се основата, одговорите доаѓаат втори по ред. Причината за ова е тоа што одговорите се менуваат и се лични, уникатни за секоја личност. Во зенот одговорите се флексибилни. Истото важи и за прашањата, но тие се најважниот дел. Длабоките прашања се филозофски прашања. Самиот обид да го пронајдете нивниот одговор причинува задоволство. Во уметноста на длабоките прашања важно е да го подобрите нивното поставување. Одговорите сами ќе си дојдат.

2. Увид и зен парадокси

Зен парадоксите се ментални загатки чија цел е да го присилат просветлувањето на умот.

„Ако го сретнете Буда на патот, убијте го.“

Ова е само еден пример. Го присилува независниот ум да му се отвори на зависниот. Целта на овие парадокси е да го истроши аналитичкиот и егоистичниот ум за да го открие интуитивниот. Реалноста не може да се објасни, може само да се разбере со импровизација. Создадете и некои ваши парадокси и гледајте што ќе се случи.

3. Намалете го значењето на познатите сутри и свети доктрини

Екарт Тол изјавил:

„Имам живеено со неколку зен мастери. Сите тие беа мачки.“

Немојте да ги преценувате светите доктрини. Тие брзо ќе ве направат мрзеливи. Читајте ги, апсорбирајте ги, размислете за нив, а потоа продолжете понатаму со длабоки прашања и отворете се кон нови можности. Многу е подобро да медитирате и да работите на вашата дисциплина отколку да се потпирате на овие сутри и доктрини. Од нив искористете го здравото знаење, но фокусирајте се на учењето од други учители.

4. Зазен: Запознајте го вашето „оригинално лице“

Зазен е коренот на зенот. Буквалното значење е „седечка медитација“. Тоа ги опишува седењето и дишењето, и тоа да им дозволите на вашите мисли, слики, идеи и зборови само да поминуваат покрај вас без да навлегувате во нив. Едноставно, тоа преставува фокусирање на дишењето со цел да се исчисти умот од сите нешта. Штом ќе се смири умот, се појавува „оригиналното лице“. Како што објаснил зен мастерот Даито:

„Мислите може да се споредат со облаци. Кога облаците исчезнуваат, се појавува месечината. Месечината е оригиналното лице. Мислите се и како замаглување на огледалото. Кога ќе ја избришете кондензираната вода, рефлексијата на огледалото е чиста. Смирете ги вашите мисли и набљудувајте го вашето оригинално лице од пред да се родите.“

5. Зен пеење (Ом)

„Божествениот звук Ом истовремено е симетрија, суперсиметрија, скршена симетрија и некршливата симетрија на природата.“ – Амит Реј

Звукот Ом е опишан како звукот на универзумот. Тој е исконската фреквенција на универзумот која ги содржи сите звуци. Како таков, Ом е звукот на свеста, најчистото име на Бог. Кога го пеете звукот Ом, вие го зборувате јазикот на Бог (бескрајноста/креацијата). Пеењето Ом, особено на 432 херци, е начин да се поврзете со себеси. Кога ќе го направите тоа во комбинација со длабоко дишење, вие ќе ја отворите вашата чакра на грлото, третото око и чакрата на врвот на главата.

6. Зен уметност

„Планините кои ги носиш, требаше само да ги искачиш.“

Зен уметноста е доловување на суштината на Буда во некој предмет, сцена или чувство. Во зенот примарна е духовната способност, а потоа доаѓа техничката. Многу е поважна спонтаноста и импровизација после медитација отколку вистинската техника. Стилот на цртање кој е најпознат кај зен уметниците е наречен суми-е. Потоа овде спаѓа и хаику поезијата. Сите овие уметности спаѓаат овде бидејќи тие се обидуваат да ја доловат суштината на нешто на наједноставниот начин.

7. Зен хумор и луда мудрост

Лудата мудрост е повикување на отпадникот Буда во секој од нас. Делот од нас кој е божествен, но истовремено див и слободен. Овој дел од нас се крие во потсвеста и е подготвен да ни ја прошири свеста. Оваа мудрост постои од почетокот на Будизмот. Сепак, и самиот Буда бил духовен отпадник. Најпознатите зен луди мудреци се поетот Хан-шан и зен мастерот Икју. Хан-шан избегал за да живее во пештера и бил познат по тоа што хистерично се смеел секогаш кога некој ќе го прашал за природата на зен. Икју бил ексцентрик кој секогаш ги надмудрувал своите учители. Своето учење го ширел во јавни куќи и барови наместо во будистички храмови. Лудата мудрост ни ја дава можеби најважната лекција во обидот за просветлување: Секогаш имајте добра смисла за хумор!

Прочитајте ги и овие зен приказни кои во себе кријат важни животни лекции.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар