7 причини зошто треба да излегувате со некој што е невработен

Со лошата економска состојба во нашата држава, голем број млади луѓе се без работа и покрај завршеното високо образование и талент. Ваквата ситуација може да претставува проблем за љубовниот партнер на невработеното лице, особено доколку тој/таа работи и веќе си ја планира иднината. Но, доколку се навратите назад кон минатото, ќе сфатите дека и вие некогаш сте биле невработени во одреден период од животот и ви била потребна поддршка од најблиските. Прочитајте ги седумте одлични причини, зошто да бидете во врска со некој кој е невработен.

7 причини зошто треба да излегувате со некој што е невработен

1. Невработените луѓе имаат многу слободно време…

… и со задоволство би сакале да го поминат со вас. Точно е дека барањето работа е само по себе работа со полно работно време. Невработените мораат да бидат фокусирани на остварување што е можно повеќе контакт со пријатели и познаници, постојано да го усовршуваат сивито, да аплицираат на 1.000 работни места дневно и да пишуваат различно мотивациско писмо за секоја работна позиција, и покрај тоа што се свесни дека можеби никој нема никогаш да го прочита. Воедно, мораат да дремат на социјалните мрежи и да се поврзуваат со секој што ќе го најдат на Linkedin. Но, и покрај сиот тој ангажман, невработените луѓе имаат многу слободно време, кое сакаат да го искористат за да бидат со вас и да ве однесат некаде на состанок.

7 причини зошто треба да излегувате со некој што е невработен

2. Убаво е чувството дека некому сте му потребни

Вистина е дека да се биде невработен, може да биде прилично депресивно. Секој од нас се справува различно со невработеноста, но најчестата емоција е поголема потреба од блискост со љубовниот партнер. Фактот дека сте му потребни на вашиот љубен/а, ќе направи да се чувствувате убаво и значајно.

3. Тие готват и чистат низ дома

Доколку живеете заедно со вашиот партнер, кој е невработен, тој или таа ќе ја убие досадата, раздигувајќи по дома и приготвувајќи топол ручек, кој заедно ќе го јадете кога ќе се вратите уморни од работа. Доколку пак живеете одвоено, ќе му се восхитувате на партнерот колку му е уреден и чист станот. Кога двајцата би работеле по 10 часа дневно, време за домаќинлак би немале, а сите знаеме дека хаосот по дома, ни создава хаос и во нашата глава.

7 причини зошто треба да излегувате со некој што е невработен

4. Тие ги знаат сите добри ТВ серии, емисии, песни…

Кога не аплицираат за работа и не го поминуваат времето со вас, невработените луѓе сурфаат на интернет и ги откриваат најинтересните работи за забава и занимација. Така на пример тие знаат дека „Orphan Black“ е одлична ТВ серија и дека публиката ја обожава. Додека вие се стресувате на работа, тие по дома ги слушаат најновите добри хитови, кои ги дружат додека им е досадно. Па кога ќе се вратите уморни од работа, одма ќе знае со каква програма да ве разведри.

7 причини зошто треба да излегувате со некој што е невработен

5. Невработените луѓе се подобро организирани

Кај невработените луѓе се буди желбата за подобра организација на времето. Ќе стане наутро, ќе аплицира за 3 работни позиции, а потоа ќе ги помине наредните 4 часа планирајќи прекрасен романтичен викенд надвор од градот за вас двајца. Како и повеќето работи во животот, така и невработеноста, се разбира доколку не трае премногу долг период, претставува баланс во животот.

6. Невработените си ги прошируваат своите интереси

Кога имате многу слободно време, можете да си дозволите експериментирање со различни хобија, активности и курсеви. Сите ние имаме голем број желби: да научиме нов странски јазик, да возиме велосипед секој ден, да се запишеме на курс за развивање на менаџерските способности, да земеме часови за возење автомобил… Но доколку работите од 9 до 5, немате баш време за сето тоа нели? Никогаш не треба да дозволите работата да ви ја убие желбата да ги следите вашите соништа кои прават да се чувствувате комплетно, а токму на ова редовно ќе ве потсетува вашиот невработен партнер.

7. Невработените секогаш ги знаат најдобрите зделки и попусти во градот

Најлесниот начин да станете скромни, е да останете без работа и без редовен прилив на пари. Кога размислувате како да купите повеќе работи за помалку пари, сфаќате дека постоеле многу кул работи по продавниците, кои сте пропуштале да ги забележите кога сте имале повеќе пари за трошење. Воедно, вашиот партнер ќе ве обожава, бидејќи сметките ќе ви бидат платени, фрижидерот полн, а можеби ќе успеете и нешто да заштедите од неговата плата, за нов 3Д телевизор.

7 причини зошто треба да излегувате со некој што е невработен

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар