7 нешта кои можат да направат да бидете посреќни

Ако сте среќни и ако навистина сте свесни за тоа, која е вашата тајна? Истражувачите низ годините откривале многу фактори кои влијаат на среќата, започнувајќи од гените, па сè до карактерот и животните одлуки. Еве еден мал дел од нивните заклучоци, врз кои вие можете да влијаете:

Културни активности и спортување

7 нешта кои можат да направат да бидете посреќни

Мажите кои уживаат во уметноста, балетот и некои други културни активности се чувствуваат посреќно и поздраво, според студија која била објавена во мај, 2011 година во Научното списание за епидемиологија. Исто така, за мажите физичката активност, надворешните хобија и волонтерската работа покажуваат поврзаност со степенот на нивната среќа. За разлика од нив, најсреќните жени се оние кои редовно посетувале црковни и спортски настани. Причинско-последичната врска во ова истражување е малку нејасна (можеби посреќните луѓе преферираат да посетуваат повеќе културни активности и спортување), но сепак пораката е јасна: во никој случај овие активности не можат негативно да влијаат на вас.

Посвојте куче (или мачка)

7 нешта кои можат да направат да бидете посреќни

Сопствениците на домашни миленици се уште една група на луѓе кои се стремат кон поголема среќа во нивниот живот. Според едно истражување кое било објавено во Научното списание за личноста и социјалната психологија, оние кои чувале кучиња изјавувале дека нивното милениче ја зголемило нивната самодоверба како и нивните чувства за припаѓање и значење. Истражувањето исто така открило и дека животните имаат слична способност како пријателите да спречуваат појава на чувство на отфрленост.

Бидете благодарни

7 нешта кои можат да направат да бидете посреќни

Моќта на позитивното размислување навистина постои, според студија од 2010 година која ги истражувала сите дотогашни студии на зголемувањето на среќата. Истражувачите кои ги објавиле своите резултати во Научното списание за за клиничка психологија, откриле дека оние луѓе кои запишувале по 3 добри работи што им се случиле во текот на неделата покажувале значајно зголемување на нивната среќа. Тие исто така откриле и дека оние кои пишувале писма со благодарност до одредени личности од нивниот живот биле посреќни со недели по завршувањето на писмото. И што е најинтересно, не морале ни да го испратат – доволно било само да го напишат.

Подобрете го вашиот алтруизам

7 нешта кои можат да направат да бидете посреќни

Истото истражување од 2010 година покажало и дека дарежливоста може да ви помогне да бидете посреќни. Овие резултати ги добиле и на студија од 2008 година која била објавена во Списанието за наука. Во неа луѓето кои давале пари во добротворни цели биле посреќни од оние кои трошеле само за себе. И не само тоа. Тие што волонтирале без себични причини живеат подолго, според студијата објавена во август, 2011 година во Списанието за здравствена психологија. Алтруизмот исто така е поврзан и со одржувањето на поцврсти врски. Студија од 2006 година покажала дека најалтруистичните луѓе најчесто имале и најсреќни бракови.

Станете малку носталгични

7 нешта кои можат да направат да бидете посреќни

Екстровертите кои се многу социјални и полни со енергија, исто така се едни од најсреќните луѓе на светот. Не е лесно да преминете од цвет на ѕидот до центарот на забавата, но можете многу лесно да украдете трик за среќата од екстровертите: Гледајте го минатото преку розови наочари. Истражување кое било објавено во јуни, 2011 година во Списанието за личност и индивидуални разлики, покажало дека екстровертите ја должат својата среќа на нивната способност да гледаат во минатата со блага носталгија. Одржувањето на среќните сеќавања и гледањето пооптимистично на оние кои се полоши можат да направат да се чувствувате многу посреќно во сегашноста.

Имајте секс

7 нешта кои можат да направат да бидете посреќни

Ова можеби ви изгледа несериозно, но задоволството помеѓу чаршафите честопати се поврзува со секојдневната среќа. Едно истражување кое било објавено во 2008 година во Списанието за сексуална медицина покажало дека жените кои имале редовен секс по менопаузата биле многу посреќни. Исто така, на оние кои имале невротично нарушување, сексот многу им помагал со нивната анксиозност, според студија објавена во 2010 година во Списанието на социјална психологија и наука за личноста. Прегратката и физичката приврзаност подеднакво им помага и на мажите и на жените.

Не фокусирајте се целосно на овие совети

7 нешта кои можат да направат да бидете посреќни

Доколку одлучивте да ги примените претходните неколку совети, мора да бидете претпазливи. Во мај, 2011 година една студија покажала дека доколку ѝ придавате преголемо значење на среќата можете парадоксално да ја намалите.

„Да сакате да бидете посреќни, може да ве направи помалку среќни,“ вели Ирис Маус, асистент на професорот по психологија на Универзитетот во Денвер. „Ако целосно се посветите на среќата, ќе почнете негативно да влијаете врз неа. Со тоа можеби ги ставате многу високо своите стандарди за среќа. Или можеби се концентрирате на неа по цена на други работи кои можат да ве направат посреќни, како врските со пријателите и семејството. Но, тоа не значи дека обидувањето да бидете посреќни уште на почетокот е загубена цел, туку дека е потребно да се сконцентрирате на оние нешта кои ве прават среќни, а не на самата среќа.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Selen Reply

    Korisni soveti ke probam da gi primenam :) 😀

Остави коментар