Некои го сакаат тоа жешко

Некои го сакаат тоа жешко

Од каде излезе темата за слатки vs. жешки, стварно немам појма, ама според муабетот што го направив со некои момци, испаѓа дека машкиот мозок по автоматизам ги класифицира девојките на овој начин. Некои преферираат жешки девојки, некои слатки… некои ама баш секакви. Каква треба да биде девојката за да биде класифицирана во групата на слатки, а каква за да го заслужи епитетот „жешка“?Некои го сакаат тоа жешкоАко ние можеме да направиме груба поделба на момците на добри и лоши момци, во ред, им дозволуваме и тие да нè поделат на слатки и жешки. Станува збор за слатка, како карактеристика на една личност. Тоа се оние мирни девојки, внимателни и нежни. А од другата страна се оние кои шират, слободно да се изразам, сексуална енергија и едноставно се женствени. И нема врска дебелината, висината, убавината. Сè е до карактер. Ќе помислите дека ова е можеби најизлитената фраза, но вистина е. Карактерот, движењата, начинот на зборување, го формираат шармот кој го ширите околу вас, енергијата која ја пренесувате. Како ќе ве гледаат другите зависи од вас самите. Ви се случило да ви се допаѓа момче кое со својот физички изглед не е според вашите критериуми? Да, ама ќе речете дека го има она нешто… тоа НЕШТО е неговиот шарм.

Но, дали во секоја од нас спие една скриена страна која не веднаш излегува на виделина? Еднаш слушнав дека човекот и самиот не е свесен на што сè е способен. Што сè може да направи со себе, и дека со одредени наши постапки можеме и самите себе да се изненадиме. Дали во онаа навидум слатка девојка се крие нешто жешко? Со сигурност ќе речам да. Само што постојат девојки кои остануваат во групата „слатко“ и други кои се форсираат да останат во она „жешко“. Но трети пак, знаат да бидат слатки или жешки во вистинско време и на вистинско место.

Некои од момците рекоа дека помеѓу слатка и жешка секогаш би избрале слатка, други пак, многу нормално дека ќе тргнат по онаа жешката. Има такви кои сакаат жешка за забава, а слатка, доколку бараат девојка за сериозна врска.

Всушност можеме да бидеме ама баш сè што ќе посакаме. Жешко или слатко, добра девојка или ладна кучка, ама сè си доаѓа по заслуга.

Она што со сигурност јас го сакам жешко е моето утринско кафе.

До следното читање,

Вашата Ели.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Demonic Reply

    Една многу добра изрека…
    „Жената треба да биде дама на улица, домаќинка во кујна, и ку*ва во кревет“.
    Кога го правев муабетов со дечко ми, а и од некои мои видувања, сфатив дека најчесто, оние слатки, мирни, тивки девојки што ги гледате по улица, што мислите дека кога би ја однеле во кревет, само би лежела, и би гледала во таванот…се покажало како комплетно спротивно. Од таквите девојки, триста ѓаволи испаѓаат кога ќе дојде до тој дел.
    Спротивно е кај другата категорија. Најчесто, тие се водат по она…„триумф е да ме имаш“, па така, нема ни да се труди околу заведување-секс делот, и ќе чека се` на партнерот.
    Морам да додадам…и од моето скромно искуство…ова важи и за мажите ;). Така да…момци и цурици, одете по аутсајдерите. Не знаете што се` може да се крие зад таа слатка, срамежлива насмевка ;).

    • xxx Reply

      Potpolno si vo pravo! :))

Остави коментар