7 модни комбинации кои никогаш нема да ве изневерат

Понекогаш на сите ни се случува да поминеме цела вечност гледајќи во гардероберот со она иритирачко и по малку досадно прашање „Што да облечам?“ Но, да бидеме искрени, не станува збор за немање инспирација, туку едноставно нè мрзи да избереме некоја комбинација која до сега сме ја носеле повеќепати. Всушност, тоа „не знам што да облечам“ е една посебна состојба кој тешко се дефинира. Но, кога ќе се најдете во една таква дилема, без оглед на тоа дали навистина немате решение или само ве мрзи да изберете некоја комбинација, потпрете се на овие проверени модни комбинации кои во таквите ситуации навистина никогаш нема да ве изневерат.

1-7-modni-kombinacii-koi-nikogash-nema-da-ve-izneverat-www.kafepauza.mk_

1. Тексас јакна и фустан

Сега е тоа време од годината каде што конечно можеме да го носиме нашиот омилен фустан со интересен принт и да се чувствуваме како вистинска хипи принцеза. Но, кога ќе настапат студените ноќи или утра, најдобар начин да се згреете, а притоа да изгледате модерно, е да изберете тексас јакна која ќе ја надополни целата ваша комбинација.

2-7-modni-kombinacii-koi-nikogash-nema-da-ve-izneverat-www.kafepauza.mk_

2. Впечатлив, а класичен костум

Понекогаш, морате да изберете некоја посериозна модна комбинација. Тајната состојка во тој случај е костумот, но не каков било туку некој во силни бои, со класичен крој. Во комбинација со него изберете ја наједноставна бела блуза и евентуално патики, и подготвени сте за напорниот ден.

3-7-modni-kombinacii-koi-nikogash-nema-da-ve-izneverat-www.kafepauza.mk_

3. Комплет пижами

Ако сакате помалку ексцентричен изглед, тогаш купете едно парче од ултра популарниот комплет пижами, што е доволен за да исчезнат сите ваши модни дилеми.

4-7-modni-kombinacii-koi-nikogash-nema-da-ve-izneverat-www.kafepauza.mk_

4. Бела блуза, здолниште и сако

Уште една проверена модна комбинација, што вклучува бела блуза и какво било здолниште, а на сето тоа можете да додадете сако во војнички стил. На овој начин нема да изгледате премногу „обично“, а сепак ќе бидете сериозни и модерни. Совршено за сите прилики!

5-7-modni-kombinacii-koi-nikogash-nema-da-ve-izneverat-www.kafepauza.mk_

5. Кожна јакна, фустан и бели патики

Веќе нагласивме дека ги сакаме фустаните, а ова сезона ултра модерни се и наједноставните бели патики. Целата романтично-урбана модна комбинација „заокружете“ ја со модерна кожна јакна.

6-7-modni-kombinacii-koi-nikogash-nema-da-ve-izneverat-www.kafepauza.mk_

6. Тексас кошула и уникатно здолниште

Кој не обожава тексас? Некогаш можете да го носите во вид на кошула во комбинација со уникатно здолниште и на тој начин да добиете лесна, а тренди пролетна модна комбинација, одлична за секоја прилика.

7-7-modni-kombinacii-koi-nikogash-nema-da-ve-izneverat-www.kafepauza.mk_

7. Бела блуза и црни панталони

И за крај, една стара добра класика: бела + црна = комбинација за сите времиња! Белата блуза и црните панталони се сосема доволни за еден стилски ден, без разлика дали ќе изберете патики или пак, високи потпетици. Ќе изгледате совршено!

8-7-modni-kombinacii-koi-nikogash-nema-da-ve-izneverat-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар