6 идеи за здрав, вкусен и диетален појадок

Автор: Софија Сионова

Честопати слушаме дека многу е важно што конзумираме во утринските часови. Вообичаено луѓето најчесто јадат нездрава храна која лошо влијае на организмот, а луѓето кои се на диета го прескокнуваат првиот оброк што пак, е подеднакво лошо како и нездравата исхрана. Треба да се направи баланс помеѓу диетите притоа задоволувајќи го гладот, и внимавајќи храната да биде здрава за да не може да ви наштети.

6 идеи за здрав, вкусен и диетален појадок

1. Овесна каша

Овесот е со цело зрно, има мал број маснотии и е нискокалоричен. Има убав вкус кој сепак е доволно лесен така што во него може да се додадат други продукти како свежи банани, бобинки или нешто слично. Може да декорирате со суво овошје како грозје или со лешници за да биде уште повкусно.

2-6-idei-za-zdrav-vkusen-i-dietalen-pojadok-kafepauza.mk

2. Ѓеврек

Не се чудете зошто е додаден на листава. Иако е здрав за конзумација, сепак треба да се искористи креативност. Изберете потенок ѓеврек наместо подебел и намачкајте го со путер од кикирики или друг нискокалоричен намаз по ваш избор. Додадете свежо овошје по избор и вкусниот, а сепак лесен оброк е спремен.

3-6-idei-za-zdrav-vkusen-i-dietalen-pojadok-kafepauza.mk

3. Житарици

Житариците се важен извор на диетални влакна, но сепак мора да внимавате при изборот. Треба да купувате житарици кои имаат ниска вредност на масти и калории, а голема вредност на влакна. Додадете кисело млеко или јогурт и неколку лажици малини и лешници за да ви биде уште повкусно. Житариците ќе ве заситат дури до ручекот.

4-6-idei-za-zdrav-vkusen-i-dietalen-pojadok-kafepauza.mk

4. Омлет

Јајцата се сметаат за најефективната храна за слабеење, па омлетот не е исклучок. Тој се смета за прекрасен појадок без масти и има висока енергетска вредност бидејќи јајцата се богати со протеини. Измешајте 2-3 јајца, а потоа додадете и малку кромид, пригответе ги во тефлонско тавче, а подеднакво добро со убавиот вкус одат и нискокалоричниот мајонез или кечапот.

5-6-idei-za-zdrav-vkusen-i-dietalen-pojadok-kafepauza.mk

5. Печени тост-лепчиња

Самата помисла на печени тост-лепчиња за појадок може да ви звучи чудно, но што ако ги претворите во нешто навистина вкусно и здраво? Намачкајте малку мед или путер од кикирики на лепчето, додадете сечкано овошје како јаболко или банана и уживајте во секое залче.

6-6-idei-za-zdrav-vkusen-i-dietalen-pojadok-kafepauza.mk

6. Смуди

Ах! Како можете да заборавите да се напиете ладно смуди додека појадувате? Нема потреба да трошите пари на скапи сокови полни со калории. Пригответе свежо смуди во вашата кујна. Одмрзнете го вашето омилено овошје и дотурете кисело млеко или јогурт, добро измиксирајте го и испијте го до последната капка.

7-6-idei-za-zdrav-vkusen-i-dietalen-pojadok-kafepauza.mk


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар