5 трикови да го победите уморот на работа

Многумина од нас, особено во попладневните часови, се чувствуваме изморени на работното место. Како најбрзо решение, посегнуваме по нешто благо кое мислиме ќе ни ја врати изгубената енергија и волјата за работа. Други пак, спасот за уморот го пронаоѓаат во шолја кафе и пијалаци кои содржат кофеин. Сепак, слатките и кафето имаат краткотраен ефект кој воопшто нема да ни помогне, а наредниот ден повторно ќе се чувствуваме уморни.

5 трикови да го победите уморот на работа

Според стручњаците од оваа област, постојат 5 трикови кои ќе ни помогнат полесно да се справиме со уморот на работното место.

Добар сон

Бидејќи многу од обврските не можеме да ги завршиме преку ден, ги оставаме за навечер како најпогодно време да се посветиме на сите работи што ни заостанале. Занесени во работата, не ни забележуваме дека времето летнало за час и повторно си легнуваме доцна во ноќта. Непроспиените ноќи можат многу да се одразат на утрешниот работен ден. Тоа што сте пропуштиле да отспиете претходната ноќ, телото ќе мора да го надополни преку ден. Затоа, за да бидете свежи и спремни за работа, обидете се секој ден да отспиете минимум 8 саати.

Внимавајте на исхраната

Денот се познава по утрото, па така и работниот ден ќе зависи од тоа што сте појадувале. Доколку имате квалитетен појадок, во текот на денот помалку ќе сте уморни од оние кои не појадувале. Исто така се препорачуваат мали и хранливи оброци распоредени во чести интервали во текот на денот.

Кафе и шеќер

Кафето и сите слатки нешта богати со шеќер ќе ви дадат енергија која ќе трае многу кратко, за потоа повторно да ве совлада здодевниот умор. Наместо тоа, благите работи можете да ги замените со крекери со сирење. Јадењата богати со протеини како јајцата и туната, исто така се одлични борци против уморот.

Прошетка за време на паузата

Секогаш кога можете, без разлика на временските прилики, искористете да прошетате на свеж воздух. Кратката прошетка ќе ви ја подобри концентрацијата на работното место, која опаѓа особено во попладневните часови.

Распоред на обврските

Многу е важно како ќе ги распоредиме дневните обврските. Од нашата организација, зависи дали работниот ден ќе ни биде ефективен и полн со енергија, или едвај ќе чекаме да си отидеме дома. Најдобро е најобемните работи да ги започнеме наутро, кога сме и најодморени. Додека оние работи кои ни се интересни и не толку обемни, да ги оставиме за попладневните часови. Стручњаците за оваа област, исто така препорачуваат да комуницирате со колеги кои имаат позитивна енергија.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар