5 нешта поради кои не добивате сè што сакате

Во првите неколку месеци од годината честопати правиме планови за сè што планираме да постигнеме таа година. Но, според британскиот психолог Ричард Вајсмен, 88% од нашите замисли не се остваруваат. Зошто тогаш воопшто се мачиме да правиме планови? Можеби зашто навистина сакаме да направиме некаква промена.

5 нешта поради кои не добивате сè што сакате

И така доаѓаме до најважното прашање – ако толку многу сме мотивирани да направиме промени во нашиот живот, зошто сме толку неуспешни во добивањето на сите оние работи кои ги посакуваме? Погледнете ги наредниве неколку причини кои најчесто ве спречуваат при остварување на вашите цели:

1. По навика се откажувате

„Научената беспомошност е реакција на откажување која резултира од верувањето дека ништо од она што го правите не е значајно.“ – Арнолд Шварценегер

2. Не барате помош

„Одбивајќи да побарате помош кога ви е потребна, спречувате некој да добие шанса да биде од помош.“ – Рик Окасек

3. Се оттргнувате од напорна работа

„Напорната работа го истакнува карактерот на луѓето: некои ги засукуваат своите ракави, некои ги вртат своите носеви на друга страна, а некои воопшто не се ни појавуваат.“ – Сем Евинг

4. Премногу размислувате

„Универзумот не ви го овозможува она што го посакувате во вашите мисли; тој ви го овозможува она што го барате преку своите дела.“ – Стив Мараболи

5. Го чекате вистинското време за да се обидете

„Не чекајте го вистинскиот момент. Никогаш нема да биде совршено. Секогаш ќе постојат предизвици, пречки и далеку од совршени услови. Па што ако. Започнете уште веднаш. Со секој нов чекор, вие ќе станувате сè посилни и посилни, сè поискусни и поискусни, со сè поголема и поголема самодоверба и сè поуспешни и поуспешни.“ – Марк Виктор Хансен

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар