4 знаци дека треба да најдете друга работа

Без разлика дали сте моментално вработени, барате работа или утре одите на интервју за работа, прочитајте на што треба да внимавате кога сте во работното опкружување.

1. Ви поставуваат чудни прашања

4 знаци дека треба да најдете друга работа

Внимавајте на прашањата кои имаат за цел да откријат интимни делови од вашиот живот. Која е вашата сексуална определба, кое ви е омилено кафуле, дали некогаш сте се сликале за фотосесија во списание и сл. се прашања кои не треба да се очекуваат од идниот работодавец (освен ако прашањата се директно поврзани со местото за работа за кое аплицирате). Дури и прашањата да не ви се чинат лични, верувајте дека тие се премногу интимни за да ви ги поставува работодавецот за време на интервјуто за работа или после некое време од работењето во неговата компанија.

Еден вработен бил викнат во канцеларијата на неговиот работодавец каде бил прашан: „Дали се навредуваш кога некој упатува пцости спрема тебе?“ Вработениот одговорил: „Не, понекогаш и јас пцујам. Не е тоа ништо“. Потоа, кога разговорот продолжил, вработениот сфатил дека секоја реченица на работодавецот била со пцости. Ги употребувал дури и во деловната комуникација преку е-mail. Вработениот се почувствувал навреден и дал отказ.

2. Никој не изгледа среќно во компанијата

4 знаци дека треба да најдете друга работа

Кога одите на разговор за работа, погледнете ги луѓето кои работат во компанијата. Ако се насмеани, среќни, позитивни и весели, тоа е добар знак. Тоа значи дека ја сакаат работата која ја работат и дека условите во кои работат се одлични. Но, ако човекот кој ќе ве пречека на рецепција не ви се насмевне, тоа е знак дека во компанијата работите не се баш како што треба. Едноставно, набљудувајте го однесувањето на оној кој ве интервјуира. Ако тој му „зборува на носот“, постојано проверува електронска пошта, одговара на телефонските повици кои ги добива во текот на разговорот, тоа е знак дека тој нема доволно почит спрема вас и вашата работна позиција за која аплицирате.

3. Вашата работна позиција нема звање

4 знаци дека треба да најдете друга работа

За време на интервјуто за работа, оној кој ве интервјуира размислува едно, а вие друго. Вас ви е важно да ве примат на работа, а на другиот му е важно да пополни место во компанијата. За време на интервјуто, покажете интерес и прашувајте прашања за тоа што точно е вашата работа и кое е звањето кое ќе го имате. Ако на почеток не го знаете вашето звање, потоа е потешко истото да го добиете. Дајте му до знаење на работодавецот дека вам ви значи која позиција ќе ја имате во неговата компанија.

4. Верувајте му на внатрешното чувство

4 знаци дека треба да најдете друга работа

Зборуваме за интуиција – чувството кое ви кажува што да направите. Понекогаш, дури и сè да ви изгледа убаво и совршено, внатрешниот глас е посилен и не треба да се занемарува. Послушајте се самите себе кога нешто „не ви штима“. Ако чувствувате дека нешто не е во ред, тоа веројатно е така. Затоа, верувајте во самите себе.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Ивана Reply

    Да не ви се наоѓаат некаде “4 знаци дека треба да најдете работа?” Би ми послужиле! 😉

Остави коментар