35 знаци дека тој не глуми незаинтересиран за да ве привлече, туку едноставно си игра со вас

Девојки, доколку сте збунети од неговото однесување, тогаш време е да преземете соодветни чекори со цел да ги расчистите работите помеѓу вас. Токму затоа погледнете ги следниве 35 знаци кои укажуваат дека тој навистина не е заинтересиран за вас и дека постојано си игра со вашите чувства…

35 знаци дека тој не глуми незаинтересиран за да ве привлече, туку едноставно си игра со вас

1. Тој не си игра игри со пораките, туку едноставно не сака врска.

2. Тој нема да ве побара за жена бидејќи веќе има една дома.

3. Тој не ви се јавува вас бидејќи ѝ се јавува на друга.

4. Тој вели дека не верува во Денот на вљубените затоа што сака да го помине со својата девојка.

5. Тој не сака да ги запознае вашите пријатели бидејќи не е заинтересиран ни за вашето друштво.

6. Тој не ве поканил на неговиот роденден бидејќи веќе го добил она што го сакал од вас.

7. Тој ви пишува само кога е пијан затоа што не му се допаѓате кога е трезен.

8. Тој не зборува за вас бидејќи не размислува за вас.

9. Тој не сака да знае ништо повеќе за вас бидејќи веќе знае доволно.

10. Тој не ве запознава со неговите родители бидејќи тие не знаат дека постоите.

11. Тој ви дозволува да плаќате и за неговите оброци бидејќи не може да си дозволи состаноци со две девојки истовремено.

12. Тој не ви дозволува да завршите бидејќи не сака ни да започнете.

13. Тој не ве прашува прашања бидејќи не се интересира за вашите одговори.

14. Тој постојано ве вика во неговиот стан бидејќи не сака да знае каде живеете вие.

15. Тој не ве изведува на состанок бидејќи сака да биде само во вас.

16. Тој не се грижи за вас бидејќи е презафатен со грижата за себе.

17. Тој не ви дозволува да преспиете бидејќи веќе е задоволен од она што досега го добил.

18. Тој не бара ништо од вас бидејќи веќе сте му дале сè што му е потребно.

19. Тој не се обидува да ве импресионира бидејќи размислува само за најбрзиот начин на кој може да ве соблече.

20. Тој не прави добри нешта за вас бидејќи знае дека и покрај сè, вечерта ќе го добие она што му е потребно.

21. Тој не зборува со вас за време на денот бидејќи ве посакува само за време на ноќта.

22. Тој не ве прашува што ви е потребно бидејќи сака да го добие само она што нему му е потребно.

23. Тој не патува надвор од градот, туку само не сака да се види со вас деновиве.

24. Тој не прашува за вас бидејќи размислува само за себе.

25. Тој не се обидува да биде ваш бидејќи се обидува само да го добие неговото.

26. Тој не игра игри, тој си игра само со вас.

27. Тој не зборува за своите чувства бидејќи не чувствува ништо за вас.

28. Тој нема да ви пише подоцна, бидејќи не планира воопшто да ви врати на таа порака.

29. Тој не чека совршен момент за да направи голем гест, туку едноставно чека да престанете да се трудите.

30. Тој не ве носи на вистински состаноци бидејќи верува дека не сте во врска.

31. Тој не ве додава за пријател на социјалните мрежи бидејќи ве чува на страна.

32. Тој не измислува изговори, туку едноставно не сака да поминува време со вас.

33. Тој не е премногу зафатен, само не сака да ве види.

34. Тој не ги пропушта вашите повици, туку чека подобра можност.

35. Тој не се прави тежок за освојување, туку само си игра со вас.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар