7 секс прашања кои секој пар треба да си ги постави

7 секс прашања кои секој пар треба да си ги постави

Секој пар треба да одвои малку време со цел да разговара за важните прашања кога станува збор за сексуална врска. Токму затоа запалете неколку свеќи, пуштете ја вашата омилена музика, сипете 2 чаши вино и почнете да разговарате со вашиот партнер…

7-seks-prashanja-koi-sekoj-par-treba-da-si-gi-postavi-www.kafepauza.mk_

1. Кои се нашите сексуални предности и слабости?

Доколку се чувствувате непријатно да разговарате за секс, тогаш најдобриот начин да го скршите мразот е доколку разговарате за вашите омилени сексуални сеќавања. Кој е најдобриот секс кој некогаш сте го имале? Што правите вие двајца што толку совршено одговара? Откако ќе започнете со разговорот, полека преминете на оние нешта кои можете да ги подобрите за вашиот секс да биде уште понезаборавен. Не гледајте на овој разговор како на критика, туку како на можност да ги идентификувате начините на кои вие двајца би можеле да бидете подобри заедно.

2. Како можеме да ја направиме интимноста приоритет?

Ова е едно од првите прашања кои треба да си ги поставите доколку чувствувате дека не сте доволно блиски. Верувале или не, доколку сакате да имате постојано одличен секс, вие мора и да се потрудите малку. Вие треба да преземете неколку чекори со цел да направите време и место за интимноста. За оваа цел може да ви помогнат редовните состаноци, најмувањето беби-ситерка, или пак, романтичните викенди надвор од градот.

3. Како би се менувал нашиот сексуален живот низ годините?

Вие ќе поминете низ многу нешта заедно, вклучувајќи ги и децата, преселувањето, менувањето работа, губењето блиски личности… Сите овие промени ќе имаат значајно влијание врз вашиот сексуален живот. Секако, вие не можете да ја предвидите секоја промена, но многу е важно редовно да разговарате за начините на кои можете да го заштитите вашиот сексуален живот од големите животни промени.

4. Како да ја одржуваме страста?

Вие ќе имате секс со декади, па токму затоа тој може брзо да ви стане досаден доколку не најдете начини како да ги разгорувате страстите помеѓу вас. Зборувајте редовно за сите оние нешта кои би сакале да се обидете да ги направите и фокусирајте се на сексуалните фантазии и интереси со кои би сакале да експериментирате.

5. Што ќе правиме кога ќе се караме за секс?

Ова е нешто што е неизбежно. Вие сигурно ќе имате барем една караница за сексот во вашата врска, па токму затоа однапред подготвениот план за справување со оваа ситуација би можел да ви помогне полесно да го надминете конфликтот. Потребно е да имате добри комуникациски стратегии со цел да знаете како најдобро да се справите со потешките конфликти во вашата врска.

6. Како секој од нас може да ја негува својата индивидуална врска со нашата сексуалност?

Вие можеби сте во врска или брак, но тоа не значи дека не треба да имате ваша сопствена врска со телото и сексуалните желби. Што секој од вас е подготвен да направи за да го одржи ова? Вие можете да вклучите редовно вежбање, самостојни прошетки, мастурбација, наоѓање различни начини на справување со стресот како и доколку е потребно, индивидуална секс терапија.

7. Кои се нашите желби за медениот месец?

Многу парови одат на меден месец со огромни очекувања, но реалноста е дека поголемиот дел од нив се премногу истоштени дури и да имаат секс на нивната прва брачна ноќ. Токму затоа обидете се да направите заеднички план и да поставите реални очекувања за оние нешта кои ви се навистина важни. Дали сакате сексот да биде најважниот дел од вашите активности за време на медениот месец или пак, сакате да експериментирате со нешто ново?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар