3 типови лице: Мали промени кои откриваат што се случува со вашето тело

Лицето е прв показател на промени кои откриваат што се случува во вашиот организам, но исто така може да укажува и на лоши животни навики. Ако сте забележале дека кожата ви е безживотна или дека на лицето ви се појавиле акни, време е за промена. Во продолжение прочитајте за 3-те типови на проблематично лице кои откриваат одредени здравствени тегоби.

1. „Зимско“ лице

(1) 3 типови лице: Мали промени кои откриваат што се случува со вашето тело

Симптоми:
  • Постојано сте уморни
  • Кожата на лицето изгледа опуштена
  • Наутро се будите бледи и со нагласени подочници
Причинители:
  • Премалку движење
  • Лоша циркулација, сув воздух
  • Неспиење
Решение:
  • Два пати неделно направете детален пилинг на лицето со кој ќе ги отстраните мртвите клетки од кожата. Редовно користете хидратантна крема.
  • Кога ја нанесувате кремата, ставете подебел слој и со прстите полека масирајте го лицето, со кружни движења. Постапката повторете ја и на вратот, посебно на делот под брадата.
  • Во исхраната внесете храна која е богата со бета каротин и витамин Ц.

2. „Слатко“ лице

(2) 3 типови лице: Мали промени кои откриваат што се случува со вашето тело

Симптоми:
  • Се будите подуени
  • Порите на кожата ви се нагласени
  • Кожата ви изгледа безживотно
  • Имате акни
  • Лицето ви е постојано мрсно
Причинители:
  • Пиење поголеми количини алкохол
  • Исхрана богата со шеќер и маснотии
Решение:
  • Шеќерот е најголемиот непријател на вашата кожа и затоа треба да го исфрлите од исхраната или да го сведете на минимум.
  • Од дневното мени, исфрлете ги алкохолните пијалаци (барем додека тенот не ви се поправи).
  • Консумирајте зелен чај кој делува како „чистач“ на телото од токсини, кои пак делуваат позитивно на изгледот на вашето лице.

3. „Дебело“ лице:

(3) 3 типови лице: Мали промени кои откриваат што се случува со вашето тело

Симптоми:
  • Лицето и очите постојано ви изгледаат потечено
  • Делот под брадата е понагласен
  • Затегнати, румени образи
Причинители:
  • Прејадување кое предизвикува подуеност
  • Пиење премалку вода
  • Масна и слатка, нездрава храна
Решение:
  • Пијте многу вода во која може да ставите и неколку лажички лимон или краставички.
  • Исфрлете ја пресолената и масната храна од исхраната.
  • Консумирајте готвена храна која лесно се вари.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар