3 нешта кои не треба и 3 кои треба да ги правите за подобро утро

Следете ги овие совети и започнувајте го денот со помалку стрес и во пријатна атмосфера која ќе ве мотивира за подобро да го продолжите денот.

3 нешта кои не треба да ги правите и 3 кои треба да ги правите за подобро утро

Што да не правите:

1. Не чепкајте ги телефонот и компјутерот во првиот час по будењето. Оставете си малку време да го започнете денот пред да се изложите на стресот од социјалните мрежи, особено што тие нè тераат да се споредуваме со другите.

2. Не притискајте „снуз“ на алармот. Ако вечерта кога го местите алармот си дадете збор дека ќе станете во 7.30 часот, испочитувајте се себеси и дајте си повеќе време за бавен почеток на денот.

3. Не јадете обработена храна за појадок. На организмот по спиењето му треба вистинска храна за да го започне денот, а тоа ќе придонесе и помалку да ви се јаде во текот на денот.

Што да правите:

1. Напијте се чаша млака вода со лимон. Хидратацијата наутро е многу важна, но овој пијалак носи и многу други бенефити за организмот.

2. Поминете 5-10 минути во тишина. На почетокот дајте си малку време пред да започнете да мислите на обврските во текот на денот. Смирете го умот со медитација или благодарност за она што го имате и потоа продолжете со другите работи.

3. Размрдајте го телото. Прошетајте низ домот, истегнете се, вежбајте јога, излезете надвор да трчате, направете какви било вежби. Не мора да биде нешто комплицирано, доволно е нешто што ќе ве размрда како за почеток на денот.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар