7 видови храна со кои многу побрзо се слабее

7 видови храна со кои многу побрзо се слабее

Според истражувањата на нутриционистите постојат некои намирници кои доколку ги консумирате ќе го забрзаат топењето на килограмите, секако ако целиот режим на исхрана ви е среден. Овие седум според нив даваат најдобри резултати во тоа.

1. Бадеми

Бадемите се еден вид природна таблета за слабеење. Половина шака бадеми дневно може да ви помогне да се држите до нискокалоричниот режим на исхрана кој обезбедува слабеење, а покрај тоа содржи и состојки кои го помагаат согорувањето на масните наслаги за време на напорната физичка активност. Треба да внимавате да не јадете премногу од нив затоа што се многу калорични, но во наведените количини ќе ви завршат одлична работа.

7 видови храна со кои многу побрзо се слабее

2. Грејпфрут

Истражувањата покажале дека ако каснете половина грејпфрут пред оброкот, драстично ќе ги зголемите шансите за слабеење. Испитаниците симнувале и до два сантиметри во обем во првите шест недели со примена на оваа тактика.

7 видови храна со кои многу побрзо се слабее

3. Ф’стаци

Група научници од Калифорнија им дале идентичен план на исхрана на две групи испитаници со само една разлика: едната група за ужинка имала ф’стаци, а другата переци. Оние кои јаделе переци секој ден иако биле на нискокалорична диета не забележале никаква промена во телесната тежина, а другите веќе по четири недели имале многу подобри резултати.

7 видови храна со кои многу побрзо се слабее

4. Масло од авокадо

Ова веројатно е маслото кое наскоро ќе стане многу популарно во светски рамки. Користењето на ова масло наместо кое било друго доведува до намалување на процентот на телесни масти за неверојатни 2% месечно.

7 видови храна со кои многу побрзо се слабее

5. Зелен чај

И овде математиката е едноставна. Оние кои дневно консумираат 4-5 шолји зелен чај, имаат балансирана исхрана и вежбаат барем по 25 минути, многу побрзо ги топеле масните наслаги во споредба со оние кои не го пиеле иако вежбале исто толку.

7 видови храна со кои многу побрзо се слабее

6. Мешунки

Повторно научниците им дале ист режим на исхрана на две различни групи со само една разлика. Овој пат едните добивале многу повеќе мешунки од другите и драстично го намалиле лошиот холестерол. Затоа треба почесто да се консумираат леблебија, леќа, грашок, грав и сличен зеленчук.

7 видови храна со кои многу побрзо се слабее

7. Млечни производи + витамин Д

При споредбата на две групи испитаници, оние чија исхрана содржела многу повеќе намирници со комбинацијата од калциум и витамин Д ослабеле двојно повеќе во рок од 12 недели. Некои видови јогурт ја содржат оваа моќна комбинација.

7 видови храна со кои многу побрзо се слабее

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар