Зошто е добро да се пие топла вода со лимон?

Многу е важно како го започнувате денот. Според индиската филозофија Ајурведа, изборот на вашите дневни рутини го прави вашиот организам или отпорен или пак сосема подложен на болести. Според Ајурведа, секој треба да го започне денот фокусирајќи се на утринските ритуали кои ќе го поттикнат усогласувањето на телото со природниот ритам, урамнотежувањето на трите елементарни енергии (воздух и простор; оган и вода и вода и земја), како и зајакнувањето на самодовербата и самодисциплината.

Кога станувате наутро можеби умот веднаш ви кажува да си проверите имејл, да го однесете кучето на шетање или да побрзате со дотерувањето за на работа, но колку и да е времето ограничено за вашиот дневен утрински ритуал, би било добро доколку најдете време за да додадете уште еден мал дел во него. Тој со сигурност ќе влијае на подобрување на вашето здравје.

Зошто е добро да се пие топла вода со лимон?

Започнете го денот со шолја топла (не врела) вода и во неа додадете половина исцеден лимон.

Еве ги придобивките од овој утрински ритуал:

1. Го подобрува имунолошкиот систем

Лимоните се полни со витамин Ц и со калиум. Витаминот Ц е одличен во борбата против настинките, додека калиумот ја стимулира работата на мозокот и нервите и помага во контролирање на крвниот притисок.

2. Ја балансира вашата pH вредност

Лимоните се високо алкална храна. Тие и самите содржат киселина, но во нашето тело делуваат алкално (киселината од лимоните не создава киселост во телото штом се обработи во организмот). Алкалното тело е клучно за добро здравје.

Зошто е добро да се пие топла вода со лимон?

3. Помага за намалување на тежината

Лимоните се полни со пектински влакна, кои помагаат во намалување на грчевите предизвикани од глад. Исто така, се покажало дека луѓето кои практикуваат поалкален начин на исхрана, побргу губат килограми.

4. Помага во варењето на храната

Топлата вода го стимулира гастро-цревниот тракт  и перисталтиката – брановите предизвикани од мускулните контракции во цревните ѕидови кои овозможуваат да се одвиваат процесите. Лимоните и зелените лимони имаат и високо количество на минерали и витамини кои помагаат во ослободување од токсините во дигестивниот тракт.

5. Делува како нежен природен диуретик

Лимоновиот сок помага во исфрлањето на непотребните материи стимулирајќи почесто мокрење. Токсините на тој начин побрзо и почесто се исфрлаат од организмот и го одржуваат здравјето на уринарниот тракт.

Зошто е добро да се пие топла вода со лимон?

6. Ја чисти кожата

Витаминот Ц помага во намалување на брчкте и дамките на кожата. Лимоновата вода ги исфрла токсините од крвта и со тоа ја одржува кожата чиста.

7. Го хидрира лимфниот систем

Штом го започнувате денот со хидрирање, нормално спречувате дехидрација на организмот и надбубрежен замор. Кога телото е дехидрирано не може да ги извршува правилно сите свои функции, што води до зголемување на токсините, појава на стрес, тврда столица итн.

Надбубрежните жлезди се наоѓаат на врвот на вашите бубрези и заедно со тироидата создаваат енергија. Тие исто така лачат битни хормони како алдостеронот. Овој хормон го регулира нивото на вода во организмот и концентрацијата на минерали како натриумот со што помага да останете хидрирани. Надбубрежните жлезди помагаат и во регулирањето на вашето справување со стресот.

Зошто е добро да се пие топла вода со лимон?

Доколку почнете да пиете од оваа толку корисна напивка, за еден месец вашето утринско искуство може да изгледа сосема поинаку и комплетно да го промени вашиот вообичаен тек на денот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. vesna Reply

    Vit. C e termolabilen taka da so topla voda ne se pie bidejki se gubi negoviot efekt, pozelno e da se pie so ladna voda.

    • Марјан Reply

      Топла вода не, ладна вода да. И сега сум тотално збунет. Јас пијам ладна вода со лимон. Не ми е јасно зошто треба топла вода со лимон? Барам објаснување на ова прашање, ве молам. Благодарам на Весна за образложението, но по нејзиниот коментар сум збунет бидејки тоа менува се.

Остави коментар