25 знаци дека сепак успевате во животот

25 знаци дека сепак успевате во животот

Сите ние сме имале лоши денови, недели па дури и месеци. Некои личности можеби дури запаѓале и во депресија која траела со години. Без разлика дали станува збор за себесаботажа, осаменост или несигурност, понекогаш водењето среќен и радосен живот може да ви изгледа како дополнителна обврска. Но и покрај сѐ, голем број од луѓето не си даваат доволно признание за она што го постигнале, ниту пак наоѓаат време да ги прослават своите мали победи.

25 знаци дека сепак успевате во животот

Размислете на кратко, дали ситуацијата навистина ви е толку лоша како што мислите? Животот никогаш не е лесен, но може многу да се олесни доколку почнете да се фокусирате на доброто, а не на лошото. Вие всушност живеете успешен и добар живот доколку ги препознавате наредниве 25 знаци кај вас:

1. Вашите врски се значително помалку драматични отколку што некогаш биле.

2. Можеби немате онолку пари колку што сакате, но сепак живеете богат живот.

3. Не се плашите да побарате помош и поддршка.

4. Онаму каде што живеете, се чувствувате како дома.

5. Ги имате подигнато своите стандарди.

6. Се откажувате од оние нешта поради кои се чувствувате лошо.

7. Имате моменти кога навистина ја цените личноста која ја гледате во огледалото.

8. Работите на тоа да го намалите вашиот внатрешен критичар и свесно одбирате повеќе позитивни мисли.

9. Сте научиле дека препреките и неуспесите во животот се дел од вашето растење и развивање.

10. Имате систем за поддршка кој вклучува луѓе кои би направиле сѐ за вас.

11. Често ја слушате изреката „Те сакам“ од пријателите, семејството или партнерот.

12. Го прифаќате она што не можете да го промените, но го менувате она што не можете да го прифатите.

13. Ретко се жалите, а почесто се фокусирате на барање решение за проблемот.

14. Не ги обвинувате вашите родители и ги прифаќате онакви какви што навистина се.

15. Одамна сте престанале да се грижите за она што другите го мислат за вас.

16. Среќни сте за бившите кога тие ќе продолжат со својот живот.

17. Можете да го славите успехот на другите.

18. Си дозволувате да ги чувствувате своите чувства и не ви е проблем да ги споделувате.

19. Имате страсти кои ги следите.

20. Умеете да прифатите комплименти без проблем.

21. Во вашиот живот постојат нешта кои едвај чекате да ви се случат.

22. Имате цели кои сте ги постигнале.

23. Чувствувате емпатија за луѓето.

24. Се чувствувате поврзано со вашата работа.

25. Длабоко љубите, но и си дозволувате да бидете сакани од другите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар