20 нешта кои треба да престанете да им ги правите на другите

Вашето поставување игра многу голема улога во градењето на односите со луѓето. Доколку сакате да воспоставите силна и трајна врска со некого, секогаш треба да внимавате во почитувањето на неговите граници и толерирање на ситните и занемарливи работи кои вам лично ви сметаат. Сепак, секој однос зависи од взаемното почитување. Ова се 20 совети кои секој треба да ги почитува, за да има добра комуникација и здрав однос со луѓето околу себе.

20 нешта кои треба да престанете да им ги правите на другите

1. Престанете да им завидувате на луѓето. Залудно трошите време, кое можете попаметно да го искористите.

2. Престанете да се жалите. Наместо тоа поминете време барајќи решение за вашиот проблем.

3. Престанете да го мислите она што не го кажувате. Луѓето не можат да читаат мисли. Затоа секогаш споделувајте го она што навистина го мислите.

4. Престанете да се ставате во центарот на вниманието. Светот се врти околу Сонцето, а не околу вас.

5. Престанете да лажете. По некое време вистината секогаш излегува на виделина.

6. Престанете да обвинувате. Кога обвинувате некој друг, не постигнувате ништо. Имајте контрола врз вашите проблеми или тие ќе ја преземат контролата врз вас. Кога обвинувате некој друг за нешто низ кое вие поминувате, вие ја негирате одговорноста и се откажувате од контролата врз вашиот живот.

7. Престанете да се сомневате. Доколку мисите дека не можете да постигнете нешто, тогаш најверојатно сте ве право. Но, не дозволувајте вашето сомневање во сопствените можности, да им попречи на соништата на останатите. Запомнете, оној кој вели дека не може да направи нешто, не треба да му пречи на оној кој веќе го прави тоа.

8. Престанете да ги прекинувате другите. Да поправите некого кога прави нешто погрешно е една работа, но постојано да го изнесувате вашето мислење потценувајќи го другиот е едноставно погрешно.

9. Престанете да бидете себични. Она што го вложувате во еден однос, тоа го добивате назад.

10. Престанете да осудувате. Секој ја води својата битка. Никој не знае низ што точно поминува другиот.

11. Престанете да озборувате. Не само што ги повредувате другите, по некое време тоа ќе биде многу лошо за вашата репутација помеѓу луѓето.

12. Престанете да давате ветувања кои не можете да ги исполните. Довербата кај луѓето е многу важна работа. Доколку ја изгубите многу тешко можете да ја вратите назад.

13. Престанете со постојаното бранење. Само затоа што некој друг има различно мислење од вашето, не значи дека некој од вас двајца греши. Оставете простор за дискусија и давајте цврсти аргументи зошто го имате тоа мислење.

14. Престанете да ги споредувате луѓето. Не постојат двајца луѓе во светот кои се исти. Секоја личност има свои добри и лоши страни. Единствената личност со која треба да се натпреварувате во животот, сте самите вие.

15. Престанете да очекувате од луѓето да бидат совршени. Барајќи совршени, можете да ги изгубите добрите другари. Плус, тотална совршеност не постои. Затоа, не барајте ја.

16. Престанете да се трудите да им бидете сè на сите. Невозможно е некому да му бидете и мајка и брат и другарка и психијатар… Убаво е да сакате да им помогнете на луѓето кои ви значат во животот, но вие не сте семоќни. Ако сакате навистина да помогнете, обидете се да измамите насмевка на нивното лице. Тоа нема да им ги реши проблемите, но е дефинитивно одличен почеток во таа насока.

17. Престанете да се однесувате некоректно со другите луѓе, само зошто вие си имате проблем со кој не можете да излезете на крај. Тоа што вие имате тежок ден или месец, не значи дека треба да ги нервирате сите луѓе околу вас. Размислувајте пошироко. Правете го само она, што вашето срце ви вели дека е исправно.

18. Престанете да правите „од мува – слон“. Луѓето прават грешки. Глупости се случуваат. Но, нема причина да се потресувате себеси и сите околу вас поради тоа. Единствен начин за да проверите дали некоја ситуација е вредна за вашето размислување и грижење, гласи: „Ќе ми биде ли ова важно за една година отсега?“ Ако одговорот е не, тогаш не вреди да се нервирате за тоа.

19. Престанете да бидете драматични. Држете се настрана од драмата на другите луѓе и немојте непотребно да создавате своја.

20. Престанете да давате совети. Само слушајте. На луѓето не им се потребни премногу совети, туку им се потребни луѓе кои ќе сакаат да ги ислушаат и да ги мотивираат со позитивна енергија. Одговорот кој тие го бараат, веќе се крие некаде во нив. Ним им е потребно само време за да размислат, да вдишат длабоко и да го откријат вистинскиот пат кон непознатото животно патување.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. sd Reply

    I za kraj prestanete da bidete lugje. i kje se pretvorime vo roboti i se kje bide taka perfektno ..pa ova se normalni osobini za eden chovek , treba da gi smalime vo pravenjeto inache ne e interesno ..

    • Smiley Reply

      I jas istoto go mislev 😀 Podobro bi bilo da smalime nesto,otkolku da prestaneme da gi pravime site ovie raboti :)

  2. Aleksandar Mladenovski Reply

    16-тата точка створена за мене

  3. М Reply

    Па добро…изгледа и тоа сакаат да кажат Кафепауза.. Да намалиме со сите наведени работи, а сигурно тешко би било да се откажеме…бидејки сепак сме луѓе.
    Како и да е јас најмногу се пронајдов во 16тата точка. хах

  4. Viviana Reply

    Jaooo sve majki terezi Ovie sto se pronasle u 16ta tocka haha

    • monseri Reply

      a na tebe sto ti smeta sto nekoj e majka Tereza, lugeto si se samo iskreni, ti odma so napad. ete toa e toa. poveke ni odgovara da gi osuduvame i potcenuvame drugite otkolku da se zeme vo moznost deka nekoj e podoblesen od nas, iako sme nakloneti kon slepilo za nasite negativni strani i nedostatoci pa sakame da veruvame deka sme Majki Terezi

  5. Iskra Reply

    Eve jas iskreno ke kazam deka za mene e tocka 17. Koga imam problem i nervoza mislam deka zivi ke gi izedam site vo moja okolina i toa moze da mi trae so denovi.. toa moram da go smenam..itno…

  6. maja Reply

    Koga kje sozreete totalno kje svatite deka ne ocekuvate da ste centar na svetot,ne osuduvate,ne kritikuvate,ne sporeduvate,nema da daavate soveti zosto sekoj kje gi zloupotrebi i kje svatite kakov e zivotot.
    Kje si gledate samo na patot koj e pred vas i kje se trudite da uspeete za vas i vasite najbliski.
    Site kje uspeat da se oslobodat od ovie mani,osven onie koi se totalno nezreli,nesvesni i rasipani.:)

Остави коментар