Изнудете насмевка на туѓите лица

Не чекајте да ви се насмевнат луѓето. Покажете им вие како се прави тоа. Направете со некој што случајно ќе го запознаете искрен муабет од срце, дајте му комплимент, не очекувајте дека ќе биде незгодно. Бидете вие, на вашиот уникатен убав начин и дајте му шанса да се поврзе со вас и да изнудите насмевка на неговото лице. Сетете се, и вашиот најдобар пријател, некогаш ви бил непознат. Курт Вонегут рекол:

„Сакајте ги сите кои се наоколу за да бидат сакани.“

Еве неколку идеи:

Изнудете насмевка на туѓите лица

1. Смејте се почесто.

2. Задржете ја вратата отворена за да помине оној зад/пред вас.

3. Пуштете го купувачот во брзање пред вас во редот на касата.

4. Заблагодарете се, на писмено.

5. Донирајте ги вашите алишта кои не ви требаат повеќе.

6. Дајте му комплимент на келнерот/келнерката, продавачот во маркетот или бутикот.

7. Оставете позитивни пораки на лепливи ливчиња во книгите позајмени од библиотека.

8. Помогнете му на постар човек за нешто.

9. Изненадете некого со цвеќе.

10. Бидете љубезен возач. Дозволете некогаш да се „протнат“ пред вас.

11. Давајте крв.

12. Купете украси за домот на вашите блиски соседи.

13. Пратете писмо со благодарност до колегата или пријателот што ви помогнал.

14. Поделете ја вашата ужина со некој што не понел ништо.

15. Исконтактирајте со некој што знаете дека се чувствува осамено во последно време.

16. Донесете колачи за колегите на работа без причина.

17. Оставете му бакшиш на келнерот.

18. Бидете дел од нешто во што верувате. Раширете го вашиот ентузијазам околу вас.

19. Ослободете столче за некој друг, во автобусот, на клупата, на домашната забава…

20. Мафнете му на детето што се вози во автомобилот до вас.

21. Раширете некоја добра вест.

22. Кажете нешто убаво што сте чуле, на некој друг.

23. Трудете се да ги запомните правилно имињата на луѓето што ги запознавате.

24. Секогаш кога ќе воспоставите контакт со очи, пружете и насмевка.

25. Наполнете го печатачот со хартија, откако ќе завршите работа.

26. Кога врне, поканете некој незаштитен минувач под вашиот чадор.

27. Слушајте внимателно кога другите ви ги раскажуваат своите приказни.

28. Охрабрете некој што има некаков животен сон.

29. Прашајте некого што ретко го среќавате да ви раскаже за неговите успеси во последно време.

30. Направете нешто малку плус, за да му помогнете многу на некој друг.

31. Давајте без да очекувате нешто за возврат.

32. Кажувајте „те молам“ и „благодарам“.

33. Опростувајте.

34. Верувајте во себеси со цело срце. Луѓето ќе го забележат тоа.

35. Немојте постојано да бидете сериозни. Насмевнувајте се.

36. Користете го секој контакт со луѓето за да направите нешто добро и за вас и за нив.

37. Кажувајте ја вистината.

38. Помогнете му на некој да стане независен.

39. Давајте им простор на луѓето околу вас.

40. Охрабрете некого што неодамна доживеал неуспех.

41. Кажете им на луѓето кога ќе завршат некоја добра работа.

42. Кажете виц.

43. Расчистувајте си зад себе, по јадење, по користење на тоалетот, откако ќе станете од спиење…

44. Помогнете му на возачот на автомобилот со дупната гума на автопатот.

45. Научете некого некоја вештина која вие ја поседувате.

46. Помогнете му на некој да стане активен. На пример, вашиот пријател сака да ослабе, но му треба вашиот поттик (друштво) за одење во теретана.

47. Појдете во домашна посета со топол чај кај некој за кој сте разбрале дека е болен.

48. Одбранете гласно некој на кого му е потребна поддршка. Засегнете се за туѓите потреби.

49. Направете фотографија од љубовниот пар кој сам се обидува да го стори тоа.

50. Бидете достапни и пристапни за луѓето.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. lil Reply

    preubavo! Bravo

Остави коментар