20 кратки случајни животни совети

Тешко е да се живее животот според лекции, но животните совети од некои мудреци ни помагаат полесно да ги совладуваме тешките моменти и повеќе да уживаме во среќните. Овие 20 случајно собрани древни совети нè потсетуваат како да го постигнеме тоа.

20 кратки случајни животни совети

Фотографија: Giandomenico Ricci

1. Давајте им на луѓето повеќе одошто тие очекуваат и правете го тоа со задоволство.

2. Стапете во брак со маж/жена со кој/а обожавате да разговарате. Како што ќе стареете заедно, способноста за комуникација ќе станува многу важна.

3. Верувајте во љубов на прв поглед.

4. Кога ќе кажете „те сакам“, мислете го тоа.

5. Кога ќе кажете „извини“, гледајте ја личноста во очи.

6. Бидете свршени најмалку 6 месеци пред да се земете со вашиот партнер.

7. Насмевнете се секогаш кога кажувате „ало“ на телефонската слушалка. Соговорникот може да го почувствува тоа.

8. Никогаш не смејте се на соништата на другите луѓе. Луѓето кои немаат соништа, немаат многу.

9. Сакајте длабоко и страсно. Некогаш може да бидете повредени, но тоа е единствениот начин да го живеете животот во целост.

10. Кога се расправате со некој со кој немате исти ставови и размислувања, правете го тоа на фер начин. Без навреди!

11. Не судете ги луѓето според нивните роднини.

12. Зборувајте бавно, но мислете брзо.

13. Кога некој ќе ви постави прашање на кое не сакате да дадете одговор, насмевнете се и прашајте: „Што би сакал/а да знаеш?“

14. Запомнете дека големата љубов и големите успеси вклучуваат големи ризици.

15. Кажувајте „на здравје“ секогаш кога некој ќе кивне.

16. Кога ќе изгубите во некоја ситуација, не дозволувајте да ја изгубите и лекцијата која од неа сте ја научиле.

17. Почитувајте се себеси, почитувајте ги другите и бидете одговорни за сопствените постапки.

18. Не дозволувајте малите несогласувања да уништат добро пријателство.

19. Кога ќе сфатите дека сте направиле грешка, веднаш преземете нешто за да ја поправите.

20. Поминувајте време сами со себе.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар