20 грешки кои ги прават девојките во своите 20-ти

Сите ние кои сме во 20-тите веруваме дека сме семоќни и дека би можеле да издржиме сè. Поради некоја причина веруваме и дека овие години ни се шансата да се докажеме и да изградиме нешто значајно. Токму поради тоа ги игнорираме знаците од нашето тело кои ни укажуваат на фактот дека треба малку да забавиме. Некаде по патот кон нашите цели забораваме дека најважното нешто е нашето здравје и дека без него ништо не би можеле да постигнеме.

(1) 20 грешки кои ги прават девојките во своите 20-ти

Погледнете ги наредниве 20 грешки кои ги прават девојките во своите 20-ти години:

1. Премалку спиење. „Но, како да спијам кога има толку многу работи кои треба да ги направам“, би рекле. Не секирајте се, имате цела декада пред вас за сите оние планови кои сакате да си ги остварите во 20-тите. Ништо не се случува преку ноќ.

2. Зависност од социјални мрежи. Му се допаднала вашата фотографија на Фејсбук и токму поради тоа вие го ретвитнавте неговиот твит, а потоа ги разгледувавте фотографиите на неговите пријатели на Инстаграм за да дознаете дали има девојка кога одеднаш забележавте дека постирал статија на вашиот ѕид која е поврзана со една ваша интерна шега. И секако, надвор, подалеку од социјалните мрежи, денот е прекрасен. Но, не го забележавте тоа, нели?

3. Пречесто миење на косата. Да, претераното миење на косата може да ѝ наштети и да ја направи премногу сува. Понекогаш прескокнете го шампонот и нанесете само регенератор на вашата коса. Или употребете сув шампон.

4. Трошење пари на готови оброци. Замислете колку би заштедиле доколку одвреме-навреме влезете во кујна и си зготвите нешто вкусно. Да не заборавиме и дека тој оброк ќе биде многу поздрав за вас.

5. Здравствено-биполарни. Преку ден пиете свежо исцеден џус од портокал и одите на јога. Но, навечер излегувате со вашите пријатели, пиете алкохол и ја завршувате вечерта со брза храна во 4 по полноќ. Дневните активности не надокнадуваат за вечерните лудории, баш напротив на тој начин само повеќе го збунувате вашето тело.

(2) 20 грешки кои ги прават девојките во своите 20-ти

6. Сончање во солариум. Престанете веднаш! Ултравиолетовите зраци се премногу штетни за вашата кожа. Доколку сакате потемен тен, излезете малку на сонце.

7. Го поминувате целото свое време во врска. Пресреќни сте и тоа е во ред. Но, како што ќе поминува времето, така сè повеќе ќе ги сфаќате сите оние работи кои сте ги пропуштиле. Оттргнете се малку од вашиот партнер и излезете со пријателките. Неколку часа без него нема да ви наштетат, баш напротив…

8. Или бркате некој кој воопшто не е заинтересиран за вас. Никогаш не ви поставил лично прашање? Мхм. Му требаат барем 24 часа да ви одговори на порака? Убаво. Можеби сепак е време да направите мала промена во вашиот љубовен план.

9. Не сте внимателни со контрацепцијата. Никој не вели дека не е подобро без презерватив, но дали сте подготвени да се соочите со последиците доколку нешто тргне во погрешна насока? Размислете добро.

10. Не дозволувајте на работа да се однесуваат кон вас како кон стажист. Точно, вие сте млади, но тоа не значи дека треба да бидете одговорни за правењето кафе. Вие сте вработена личност со целосна плата и не сте ништо помалку од вашите соработници. Не заборавајте го тоа.

(3) 20 грешки кои ги прават девојките во своите 20-ти

11. Посвојување милениче со својот партнер. Сакате да направите нешто заедно и решавате да го посвоите Шарко. Можеби не ви изгледа така, но ова е навистина сериозен чекор во вашата врска. Дали сте сигурни дека сте подготвени за таква промена? Не заборавајте дека доколку вие и вашиот партнер се разделите, Шарко ќе се најде во самиот центар на проблемите.

12. Пијани пораки/повици. Сетете се само на наредното утро, додека се расонувате. На оној момент кога ќе ви текне што сте направиле и ќе посакате едноставно да ве снема…

13. Екстремни диети. Без разлика на тоа колку ќе намалите со исхраната, на крајот сепак ќе ја вратите вашата нормална тежина. Побарајте поздрави начини на слабеење, како добар режим на исхрана и започнете со вежбање.

14. Шопинг. Ако нешто е на попуст не мора да значи дека треба веднаш да го купите. Обично тие парчиња облека брзо излегуваат од мода или пак, не се квалитетни, па по неколку перења во машина ќе ви се распаднат. Чувајте ги парите и купете нешто што навистина ќе ви се допаѓа.

15. Губење пријателства и/или љубовни врски поради мислењето на најблиските. Не дозволувајте вашиот дечко да ги бира вашите пријатели, или пак обратно, вашите пријатели да го бираат вашиот дечко. Вие најдобро знаете покрај кого се чувствувате најдобро и токму поради тоа не дозволувајте другите да влијаат врз вас на оваа тема.

(4) 20 грешки кои ги прават девојките во своите 20-ти

16. Купување скапи производи за убавина. Ако дадете неколку илјади денари на „магична“ маска за лице, вашите проблеми нема одеднаш да исчезнат. И покрај тоа што рекламата за тој производ можеби ви изгледа неверојатно, сепак големи се шансите дека на крај ќе останете разочарани.

17. Трошење многу енергија во завидување на некој кој знаете дека ви е непријател. Таа е поубава од вас, има добра кариера, згоден дечко, скапа облека и стан од вашите соништа. Или можеби станува збор за личност која верува дека е најдобра во сè и токму поради тоа ве вади од памет. Земете длабоко воздух и опуштете се. Фокусирајте се малку на вашиот живот и не споредувајте се со другите.

18. Започнување врска со братот на ваш/а пријател/ка. Доколку не станува збор за вистински чувства, тогаш можеби е подобро да ја прескокнете оваа можност. Ако работите тргнат на лошо ќе се најдете во многу непријатна ситуација каде што би можеле дури и да го/ја изгубите вашиот пријател/ка.

19. Избирање погрешна цимерка. Да, и покрај тоа што никогаш не сте биле блиски, можеби таа ви била одличен партнер за забави додека сте студирале. Но, дали сте сигурни дека сакате секој викенд да ви носи дома различни типови кои никогаш повеќе нема да ги видите?

20. Забавете малку. Не се станува возрасен преку ноќ. Уживајте во ова декада, нема потреба од брзање. Ценете ја вашата отворена иднина и затегнато тело додека можете.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар