Пропржени тестенини со зеленчук и павлака

Пропржени тестенини со зеленчук и павлака

Вкусен ручек со богат вкус…Пропржени тестенини со зеленчук и павлакаПотребни состојки:

  • 200-300 г сварени тестенини
  • 4 пиперки во различни бои (жолта, зелена, портокалова и црвена)
  • 2 лажици масло за готвење
  • сол и бибер
  • биозачин
  • 200 мл кисела павлака

Начин на подготовка: Измијте ги пиперките и исечете ги на кругови. Во тавче загрејте го маслото и потоа ставете ги пиперките.

Додадете малку биозачин, а по десет минути додадете ги и тестенините. Ставете малку сол и бибер и лесно мешајте со дрвена лажица за тестенините да се запечат убаво.

Кога тестенините ќе добијат златно-жолта боја, тргнете ги од оган и оставете ги неколку минути да се оладат. Потоа додадете ја киселата павлака, убаво измешајте ги и послужете ги.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.