20 едноставни начини да се засакате себеси

Следен пат кога ќе се почувствувате под стрес или ќе помислите дека ви е преку глава од овој „возрасен“ живот, длабоко издишете се и обидете се да се расположите со помош на советите во продолжение. Здодевниот проект од работа може да причека после купката или масажата…

1-ljubovta-kon-sebe-e-najvazhna-20-ednostavni-nachini-za-da-ja-izvezhbate-ovaa-disciplina-www.kafepauza.mk_

1. Купете си свежо цвеќе. Сигурно не сакате вашето работно биро да биде досадно и безлично.

2. Изгледајте го вашиот омилен филм со голем сад пуканки и чаша црвено вино.

3. Или уште подобро, изберете некој тажен филм и добро исплачете се.

4. Запалете свеќи и наполнете ја кадата. Немојте да штедите на скапите сапуни и масла!

5. Или, изберете долго туширање кое ќе вклучува маска за коса, пилинг на целото тело и бричење на нозете… но, само ако навистина го сакате тоа.

2-ljubovta-kon-sebe-e-najvazhna-20-ednostavni-nachini-za-da-ja-izvezhbate-ovaa-disciplina-www.kafepauza.mk_

6. Потоа, замислете си дека вие сте Рапанзел и чешлајте ја вашата коса бавно и темелно. Плус, почестете се со масажа на темето.

7. Наместо да се фокусирате на работите кои треба да ги направите, напишете листа со своите постигнувања.

8. Почестете се со масажа… Можеби би сакале да додадете и третман за лице?

9. Откажете ги сите непотребни планови. Како на пример, пијалак со онаа другарка за која не сте сигурни дали ви се допаѓа.

10. Дружете се со вашиот миленик по цел ден. Не постои подобар начин да се смирите.

3-ljubovta-kon-sebe-e-najvazhna-20-ednostavni-nachini-za-da-ja-izvezhbate-ovaa-disciplina-www.kafepauza.mk_

11. Одморете се од социјалните мрежи. Нема да пропуштите многу!

12. Погледнете ги сите епизоди од вашата омилена ТВ серија, или пак почнете некоја нова.

13. Замотајте се во ќебе и прочитајте ја вашата омилена книга. Изгубете се во нејзините страници и барем на момент заборавете на монотоното секојдневие.

14. Јадете нешто што ве потсетува на детството или на вашите студентски денови.

15. Шетајте по вашиот кварт. Без временско ограничување, ниту со задача која треба да ја извршите.

5-ljubovta-kon-sebe-e-najvazhna-20-ednostavni-nachini-za-da-ja-izvezhbate-ovaa-disciplina-www.kafepauza.mk_

16. Или одете во блискиот парк и восхитувајте се на прекрасната природа околу вас.

17. Слушајте ја музиката која ве прави среќни, што почесто можете.

18. Изгубете се во боенкте. Да, ги произведуваат и за возрасни.

19. Играјте или скокајте по дома како никој да не ве гледа. Барем еднаш во денот!

 

4-ljubovta-kon-sebe-e-najvazhna-20-ednostavni-nachini-za-da-ja-izvezhbate-ovaa-disciplina-www.kafepauza.mk_

 

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар