15 мисли што им поминуваат на мажите низ глава кога ќе ја запознаат својата сродна душа

Мажите веднаш знаат кога ќе ја запознаат вистинската жена за нив. Можеби на почетокот нема да бидат сигурни во нивните чувства, но со текот на времето ќе им станува сѐ појасно и појасно. Ова се 15-те мисли што им поминуваат на мажите низ глава кога ќе ја сретнат вистинската…

15 мисли што им поминуваат на мажите низ глава кога ќе ја запознаат својата сродна душа

1. „Не смеам да се вљубам!“

Кога мажите ќе сфатат дека се вљубуваат во некого, почнуваат многу да се плашат. Тоа чувство им е чудно и непознато. Виделе како нивните другари завршуваат повредени и дефинитивно не би сакале да поминат низ истото. Исто така, тие се загрижени дека девојката ќе ги одбие, а не се подготвени да ја поднесат болката што ќе следува.

2. „Како може да е толку убава?“

Кога мажите ќе пронајдат вистинска љубов, не станува збор само за физичка привлечност. На почетокот можеби ќе ги привлече нејзиниот изглед, но како што минува времето, тие ќе почнат да обрнуваат внимание на секој нејзин детаљ и сѐ ќе им се чини волшебно. Нема да можат да ги тргнат очите од неа.

3. „Навистина ја почитувам“

Новата жена во неговиот живот предизвикува позитивни промени кај него. Тој ќе се обиде да стане подобар и поуспешен за неа. Тој ќе ја почитува девојката, но и нејзините желби и соништа. Во оваа врска ќе постои заемна почит што тој длабоко ќе ја цени и негува.

4. „Ќе ја сакам без оглед на сѐ“

Тој ќе ја сака поради нејзината личност и начинот на кој се однесува со него. Дури и да поминале низ некакви проблеми и несогласувања во минатото, тој сѐ уште ќе ја сака и ќе се грижи за неа. Нема да дозволи нејзиното минато да ја определи нивната заедничка иднина.

5. „Таа ме разбира“

Мажите се обидуваат да ги задржат проблемите и тагата за себе. Тие мислат дека ако се отворат, ќе предизвикаат одбивност кај партнерите. Меѓутоа, кога ќе ја сретнат вистинската жена за нив, тие се чувствуваат удобно во своја кожа и не се грижат дали ќе бидат осудени за нивните грешки и проблеми. Нивната сродна душа секогаш да ги разбере и нема да ги понижи поради нивните несигурности.

15 мисли што им поминуваат на мажите низ глава кога ќе ја запознаат својата сродна душа

6. „Таа е вистинската“

Кога мажите ќе го сфатат ова, девојката ќе стане центар на нивниот универзум. Ќе можат да мислат само на неа. Нејзината среќа и здравје ќе бидат нивниот главен приоритет. Нема да се трудат да оставаат позитивен впечаток, бидејќи врската ќе стане интимна и вистинска. Ќе се чувствуваат длабоко поврзани со неа и ќе направат сѐ за да ја заштитат.

7. „Дали тоа што го чувствувам за неа е љубов?“

Дали пеперутките што му создаваат немир се последица на љубовта? Никогаш претходно не почувствувал такво нешто и затоа му е чудно и непознато. Тој ќе ги прашува неговите пријатели и роднини дали постои име за неговите емоции.

8. „Не постои ништо што би променил кај неа“

Пред да се вљубат во некого, мажите ја создаваат совршената девојка во нивната глава, со одредена боја на очи, фризура, тело, интереси и слично. Меѓутоа, кога ќе ја сретнат сродната душа, тие ќе заборават на нивните критериуми и сѐ ќе им се допаѓа кај неа. Ќе им се допаѓаат сите нејзини недостатоци и чудни интереси. Ќе се вљубат поради нејзината личност и нема да сакаат да ја променат.

9. „Не се плашам повеќе“

Дечкото кој добивал панични напади од самото спомнување на зборот „врска“ и „брак“ сега не може да дочека да изгради заеднички живот со неговата сакана. Тој е свесен за сите промени што ќе се случат и колку ќе се смени неговиот живот, но тоа не му пречи. Не се чувствува нервозно, туку возбудено поради новите почетоци.

10. „Дали сум доволно добар за неа?“

Тој е загрижен дали е доволно добар за неговата сродна душа. Се чувствува несигурно дека таа можеби е предобра за него. Токму затоа, тој почнува повеќе да се труди и навистина сака да ја заслужи нејзината љубов. Сака да го извлече најдоброто од себе. Сака да ѝ покаже дека секогаш ќе се грижи за неа.

15 мисли што им поминуваат на мажите низ глава кога ќе ја запознаат својата сродна душа

11. „Можам цел ден да зборувам со неа“

Разговорите течат природно со вистинската жена. Тој нема да размислува што ќе каже и никогаш не му станува здодевно. Имаат заеднички интереси и забавно му е да зборува со неа. Се чувствува пријатно покрај неа и не може да си го замисли животот без нивните разговори.

12. „Време е да се смирам“

Тој повеќе не чувствува потреба да брка други жена, да флертува и да се впушта во минливи авантури, бидејќи ја нашол вистинската. Сите тие работи сега му се чинат незрели, бидејќи ја осознал радоста и исполнетоста што ги нуди стабилната врска. Кому му требаат повеќе жени кога може да ја помине ноќта со жената од неговите соништа?!

13. „Таа е мојата судбина“

Вистинската љубов ќе му биде најважното нешто на светот. Таа е совршена во негови очи. Среќата што ја чувствува кога е со неа не може да се објасни со зборови. Не може ни да се замисли без неа. Самата помисла на тоа го плаши. Ја сака и покрај сите нејзини маани и недостатоци. Таа е најубавата жена за него и засекогаш ќе биде така.

14. „Ова е совршено!“

Порано мислел дека врските се напорни, исполнети со постојани караници и компромиси. Но, со вистинската девојка сѐ делува лесно и нормално. Постојано се прашува од што се плашел толку многу. Ова е токму тоа што отсекогаш го барал: Љубов, среќа, разбирање и поддршка. Сѐ се одвива природно. Вистинската љубов има толку позитивно влијание на него, што тој почнува да прави работи кои порано го нервирале.

15. „Таа е мојата втора половина“

Не може да си го замисли животот без неа. Животот би бил премногу обичен и безначаен. Мажот кој порано бегал од љубовта, сега постојано копнее по нејзиното присуство.

Во продолжение прочитајте како да знаете кога станува збор за вистинска љубов.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар