13 неочекувани работи кои се штетни за вашиот мозок

Како и сите органи во нашето тело, и мозокот може да страда од разни фактори, од кои некои не се толку очигледни. Овие секојдневни навики може значително да му наштетат на вашиот мозок. Погледнете за кои станува збор.

1. Недостаток од комуникација

(1)13-neochekuvani-raboti-koi-se-shtetni-za-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Едно истражување од универзитетот во Мичиген покажало дека и само 10 минути комуницирање со некој ја зголемува менталната способност. Не е потребно да излегувате секој ден, доволен е краток разговор со пријател преку телефон.

2. Премногу шеќер

(2)13-neochekuvani-raboti-koi-se-shtetni-za-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Големото количество шеќер има лошо влијание на делот од мозокот кој е одговорен за производството на неврони. Овој дел е многу важен за создавање трајни сеќавања, но и за учењето.

3. Недостаток од вежби за мозок

(3)13-neochekuvani-raboti-koi-se-shtetni-za-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Според научниците, нашиот мозок е најпродуктивен кога сме на возраст 16-25 години. После ова неговата продуктивност бавно се намалува. Но, редовното вежбање на мозокот (читање, решавање загатки и слично) може значително да ја подобри неговата функција дури и кај луѓе кои ги имаат раните симптоми на деменција.

4. Прескокнување на појадокот

(4)13-neochekuvani-raboti-koi-se-shtetni-za-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Истражувањата покажале дека децата кои редовно појадуваат постигнуваат подобри резултати на училиште. Прескокнувањето на појадокот го намалува нивото на глукоза во крвта, кое пак има негативно влијание на функционирањето на мозокот.

5. Брза храна

(5)13-neochekuvani-raboti-koi-se-shtetni-za-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Честото консумирање брза храна, како и прејадувањето имаат негативно влијание на меморијата. Исто така, јадењето премногу брза храна може да предизвика и депресија.

6. Сладолед

(6)13-neochekuvani-raboti-koi-se-shtetni-za-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Секоја студена храна, вклучувајќи го и сладоледот, може да предизвика главоболка. Се смета дека студената храна ги стеснува крвните садови. Телото се обидува да спречи хипотермија, па испраќа топла крв до мозокот, која пак ги проширува крвните садови. Според научниците, токму оваа разлика ја предизвикува главоболката.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар