11 природни лекови за болката во вашите заби

Болката во човечкото тело може да стане неподнослива, но ништо не може ни да се спореди со болката на забот. Забоболката може да биде опасна бидејќи е поврзана со делови од главата и е поблиску до мозокот од кој било друг орган. Заболекарите прават сè во својата моќ за да ја отстранат, но постојат и некои природни начини да се ослободите од болката. Се разбира, ако станува збор за нешто посериозно, најдобро е да го посетите вашиот заболекар.

11 природни лекови за вашите заби

Што предизвикува забоболка?

Покрај кариесот кој е главна причина за болка, постојат и други фактори кои можат да ја предизвикаат:

  • Распаѓање на заб
  • Апсцесиран заб
  • Скршен заб
  • Оштетена пломба
  • Агресивно џвакање и триење на забите
  • Воспаление на непцето
  • Необично гризење
  • Растење на заб

Овие состојби се придружени со некои симптоми како болка во забот, остра ненадејна болка или привремена неудобност. Во некои случаи болката се чувствува кога се допира забот. Ако забот ве боли повеќе од неколку денови, потребна е итна интервенција. Погледнете некои од домашните третмани кои ќе ви помогнат да ја ублажите болката во забите.

1. Масло од каранфилче

Ова масло е анестетик и антисептик, па ја намалува болката во непцето и ги убива бактериите. Направете мешавина од 1 мала лажичка кокосово масло и 2-3 капки масло од каранфилче. Нанесете ја смесата на болното место и оставете ја неколку минути. Отстранете кога ќе почувствуваат намалување и внимавајте да не го голтнете маслото од каранфилче.

2. Паста од ѓумбир и чили во прав

Комбинирајте малку ѓумбир и чили во прав и направете паста. Користете памукче и нанесете ја смесата на болниот заб. Овој лек ќе ви го подобри оралното здравје и ќе ве заштити од крвавење, оток, болка и инфекција.

3. Сол и вода

Измешајте 1 лажица сол со 230 милилитри зовриена вода. Исплакнете ја устата со течноста. Ова го одржува здравјето на забите, но и на вашето грло.

4. Чај од нане

Чајот од нане докажано го намалува воспалението, па ова е одличен избор кога чувствувате болка. Пијте чај направен од 1 лажица листови од нане потопени во врела вода околу 20-тина минути.

5. Миро

Измешајте 1 лажичка миро во прав со 460 милилитри вода. Користете го до 6 пати дневно. Секогаш правете го овој третман по јадење. За да избегнете оштетување на бубрезите, не претерувајте со третманот.

6. Лук

Згмечете едно чешне лук и оставете го 15-тина минути. Можете да го направите во форма на пире измешано со сол, а потоа нанесете го на болното место. Повторете го третманот 2-3 пати дневно.

7. Екстракт од ванила

Екстрактот од ванила може да се користи со алкохол бидејќи на овој начин веднаш ги ослободува лековитите својства. Ставете малку екстракт од ванила на вашиот прст и масирајте го и забот и непцето. Повторувајте 2-3 пати дневно.

8. Паста од куркума

Покрај тоа што е одлична за забоболка, оваа паста има многу антибактериски и антивирусни карактеристики. Можете да ја користите за иритација, црвенило на непцето, лош здив, како и за наслаги на забите. Потребни ви се 1 лажица кокосово масло, 1 лажица куркума во прав и неколку капки масло од нане. Комбинирајте ги состојките и направете густа паста. Користете влажна четка за заби за да ја соберете пастата. Добро измијте ги забите со неа и оставете да делува 3-5 минути. На крај добро исплаканите. Можете да ја користите пастата секој ден.

9. Акупресура

Користете го вашиот палец и притиснете го заболеното место. Држете околу 2 минути.

10. Мраз

Колку и да звучи традиционално, мразот навистина прави чуда за забоболките. Нанесете коцки мраз на болното место. Користете надворешна облога на образот. Ова е само привремено решение и ќе треба да го посетите вашиот заболекар за траен резултат.

11. Есенцијални масла

Во 2014-та година било направено истражување на оваа тема. Се покажало дека есенцијалните масла се одлични за отстранување наслаги од забите. Најдобрите масла за намалување на забоболка се:

  • Цимет
  • Миро
  • Нане
  • Масло од чајно дрво
  • Масло од каранфилче

Избегнување забоболка

Покрај овие третмани, потребно е да ја одржувате оралната хигиена и да ги миете вашите заби 2 пати дневно. Чистењето со конец е исто така добра опција, и можете да се консултирате со вашиот заболекар за тоа. Ако вашите заби се посклони кон кариес, плакнете ја устата со солена вода после секој оброк. И се разбира, и заболекарот е ваш пријател.


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар