10 карактерни особини што екстровертите треба да ги бараат кај нивните љубовни партнери

10 карактерни особини што екстровертите треба да ги бараат кај нивните љубовни партнери

Животниот партнер на екстровертите не смее да биде просечен. Тоа не значи дека екстровертните луѓе се пребирливи, туку дека на нивните забавни и комуникативни карактери им требаат поединци со одредени особини што ќе можат да ги надополнат и да ги претворат во подобри личности. Доколку вие самите се сметате за екстроверти, ова се 10-те карактерни особини што треба да ги барате кај вашиот љубовен партнер…

10 карактерни особини што екстровертите треба да ги бараат кај нивните љубовни партнери

1. Трпеливост

Екстровертите се многу спонтани и обожаваат да го менуваат мислењето. Во рок од 10 минути ќе можете да смените најразлични теми за разговор со екстровертните поединци. Токму затоа, трпеливоста е задолжителна, инаку ќе полудите.

2. Спонтаност

Само затоа што сте екстроверти не значи дека мора да најдете екстровертен партнер, но вашиот животен сопатник мора да го следи вашето темпо на живот. Вашите сакани мора да живеат во моментот и да ги прифаќаат сите предизвици што ќе им ги поставите.

3. Разумност

Екстровертите прво дејствуваат, а потоа размислуваат. Понекогаш им треба гласот на разумот за да им укаже на погрешните и брзоплети одлуки. Разумен партнер со логично размислување е вистинскиот избор за нив.

4. Слободоумност

Екстровертите копнеат по тоа да пронајдат партнер кој нема да ги осудува и ќе ги прифати такви какви што се. Мора да се чувствувате пријатно во своја кожа за да бидете среќни во врската.

5. Смиреност

Ако се обидувате да ги замолчите екстровертите, залудно ќе си го трошите времето и нервите. Кога вашите екстровертни сакани ќе станат премногу гласни, најдобро е да останете смирени и да почекате да им помине нервозата.

10 карактерни особини што екстровертите треба да ги бараат кај нивните љубовни партнери

6. Проникливост

Со оглед на тоа што екстровертите се секогаш енергични, тие го користат тоа за да ги скријат другите чувства што понекогаш знаат да завладеат со нивното расположение. Нивниот партнер треба да знае кога екстровертите се навистина среќни и кога не се обидуваат да ги потиснат нивните вистински негативни емоции.

7. Смисла за хумор

Екстровертите обожаваат да се смеат и на своја и на туѓа сметка. Нема да им пречи ни да се смеат сами, но уште подобро е ако можат да се шегуваат во друштво.

8. Внимателност

Екстровертите понекогаш не можат да престанат со зборување, особено ако се „загреани“ за некоја идеја или план што сакаат да ги остварат. Токму затоа им треба партнер кој секогаш ќе може внимателно да ги сослуша и да им даде добар совет.

9. Грижливост

Поради нивниот бурен карактер и ненаситна потреба од авантура, екстровертите понекогаш знаат да западнат во неволја. Партнерот со кого ќе бидат во врска треба да знае како да се грижи за нив и одвреме-навреме да го скротува нивниот непокорлив дух.

10. Разбирање

Исто како што не можете да ги замолчите екстровертите, така не можете ни да ги промените. Треба да ги разберете сите нивни потреби и карактерни особини за да можете да остварите здрава и успешна врска полна со љубов и почит. Екстровертите не можат да се променат и нивниот животен партнер треба да го разбере и да го обожава тоа кај нив.

Прочитајте ги и следниве 9 нешта кои треба да ги запомните доколку сте заљубени во екстроверти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар