Едноставен трик што ќе ви помогне да се сетите дали сте го исклучиле шпоретот

Ако сте од оние луѓе кои не можат да престанат да се грижат околу тоа дали го исклучиле шпоретот откако излегле од дома, време е да престанете да се мачите бидејќи решението е поедноставно одошто мислите. Иако денес постојат разни мобилни апликации, оптимизации и автоматизации, решението се крие во еден обичен клик.

Едноставен трик што ќе ви помогне да се сетите дали сте го исклучиле шпоретот

Пред да отпатувате на заслужен годишен одмор, земете го вашиот смартфон во рака и фотографирајте ги сите уреди за кои најчесто се прашувате дали сте ги исклучиле. Погрижете се добро да се гледаат бројките, за да не се загрижите на половина пат и да се запрашате дали сте ја исклучиле пеглата. Ова е најдобро да го направите кога ќе промените нешто во домот, бидејќи мозокот треба да се навикне на тоа како изгледа исклучената рингла на шпоретот, на пример.

Секако дека степенот на загриженост не е ист кај сите луѓе, но оние кои навистина се грижат, тоа најчесто го прават од оправдани причини, бидејќи веќе еднаш им се случило да ги остават шпоретот или рерната вклучени. Наместо да го гледате светлосниот сигнал на шпоретот, секогаш обрнувајте внимание на бројките.

Со оглед на тоа што последните моменти пред заминувањето на летување се разликуваат од секојдневните рутини, лесно е да се заборави нешто многу важно. Во тие моменти вие излегувате од рутината, а правилото „клучеви, паричник, телефон“ повеќе не важи. Сѐ е поинакво, од облеката што ја носите до работите кои ги држите во раце, па затоа ви е толку тешко да се сетите дали сте го затвориле прозорецот, исклучиле пеглата и слично.

Луѓето кои го пробале овој трик тврдат дека откако почнале да ги фотографираат уредите пред да заминат на патување, не се грижеле повеќе за ништо. Тоа се случува затоа што фотографирањето станало дел од нивната нова рутина или можеби затоа што мозокот памети каква била сликата пред заминувањето.

Доколку и вие го имате истиот проблем, вреди да го примените овој трик и да видите дали ќе ви помогне и вам како што им помогнал на илјадници други луѓе.

Прочитајте и за овој кујнски трик за зачувување на свежината на салатите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар