Не плаши се од моите зборови, туку од мојата тишина – мојата тишина е многу поопасна од моите зборови

Мојата тишина може да уништи многу повеќе одошто некогаш би можеле моите зборови…

Не плаши се од моите зборови, туку од мојата тишина - мојата тишина е многу поопасна од моите зборови

Не грижи се кога ти викам или кога за нешто те обвинувам. Не грижи се кога ќе ти се „истурам“ и пота ти праќам долги есеи во кои ти објаснувам зошто сум лута. Не грижи се кога ќе ти тропнам на врата во сред ноќ, бидејќи сум повредена. Не грижи се кога плачам ноќе за нешто што си ми го кажал.

Сѐ ова е излив на љубов, плач за твоето внимание и доказ за тоа колку те сакам. Но, грижи се кога моите пораки содржат само еден збор. Загрижи се кога ќе престанам да се расправам со тебе, кога ќе престанам да ти тропам на вратата и кога ќе престанам да плачам… Кога ќе престанам да зборувам и кога ќе престанам да одговарам.

Не плаши се од моите зборови, туку од мојата тишина - мојата тишина е многу поопасна од моите зборови

Бидејќи тоа значи дека веќе не си вреден за расправии, не си вреден за мојата лутина и твојот пламен што некогаш го користеше за да ја разгориш мојата страст, сега згаснал. Мојата тишина може да уништи многу повеќе од моите зборови.

Моето молчење значи дека ти веќе не си оној кој ги окупира моите мисли, бидејќи не си достоен да бидеш дел од тој мисловен хаос во мојата глава. Знаеш, јас ги сакам зборовите, живеам за зборовите. Можам да пишувам засекогаш, бидејќи зборовите можат да се почувствуваат, бидејќи доаѓаат од срцето. Тие се искрени и ја претставуваат мојата длабочина.

Но, јас ја мразам тишината. Не ми е убаво кога остануваат неизречени зборови, не ми е удобно да живеам со чувства оставени без надзор, запоставувајќи го срцето. Моите зборови се мојата љубов, мојата тишина е моето заминување, тоа е почеток на крајот. Мојата тишина значи дека не ми е гајле, мојата тишина значи дека не ги заслужуваш моите зборови и мојата тишина значи дека се откажувам од тебе.

Не плаши се од моите зборови, туку од мојата тишина - мојата тишина е многу поопасна од моите зборови

Мојата тишина е одговор на твојата тишина. Така јас се разбирам со тебе. Затоа, не плаши се од моите силни аргументи, тие ти се шанса да ме запознаеш. И солзите кои не можам да ги задржам, бидејќи ми значиш премногу. Не плаши се од нив, цени ги, тие се показател дека сакам да останам. Моите солзи покажуваат дека сакам да се расправам со тебе, затоа што сакам да останам со тебе. Сакам да се борам за тебе.

Но, биди загрижен кога сето ова ќе престане. Исплаши се од тивкоста на денот, плаши се од ноќта кога ќе ме повредиш, а јас само ќе се насмевнам, плаши се од ноќта кога ќе ме закачкаш и милуваш, а јас нема да реагирам. Бидејќи тоа ќе значи дека сум подготвена да си одам, тоа значи дека сум подготвена да си заминам, што значи дека сум подготвена да исчезнам.

Автор: Антонина Велјановска

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар