Зоната на тишината – мексиканскиот Бермудски триаголник

Кога часовникот ќе запре, моторот од вашиот автомобил ќе стане безвучен и радиото ќе се изгаси или ќе почне да емитува чудна фреквенција, тогаш мора да сте во „Зоната на тишината“, во Северно Мексико. Таму, небото е светло сино и секогаш ведро, а почвата, на која дури и кактусите едвај виреат, е црвено-жолтеникава. Сончевата светлина е за 30% посилна отколку во останатите делови на земјата, феномен кој досега никој не може да го објасни. Целата оваа егзотична слика е опкружена со ниски виолетови и портокалови планини. Во текот на ноќта пак, на небото треперат разнобојни кругови, кои потоа се спојуваат во огнени топки и исчезнуваат. Зоната на тишината - мексиканскиот Бермудски триаголникОва чудно место со неверојатно широко и силно магнетно поле, се наоѓа на границата на три мексикански држави: Дуранго, Чивава и Коауила. Најблиску до пустината е градот Себалос, односно на растојание од околу 50 километри. Меѓу другото, на иста географска широчина се наоѓаат Бермудскиот триаголник, египетските пирамиди, будистичките храмови во Тибет, а според некои научници, длабоко под водата спие и таинствената Атлантида.

Метеорските дождови се секојдневие, а поради ултравиолетовото зрачење може да наидете на двоглави гуштери, малформирани пустински желки и отровни змии, кои ги има во изобилие. Можат да се видат дури и пурпурни кактуси. Очевидци тврдат дека во зоната на тишината од небото паѓаат метеорити, кои содржат древни кристали, постари и од самиот сончев систем. Пронајден е метеорит со кристална структура, кој е седум милијарди години постар од сончевиот систем.Зоната на тишината - мексиканскиот Бермудски триаголник Изненадувачки е тоа што луѓето ја населувале долината уште од праисторијата, градејќи мали населени места околу малкуте оази. Уште во древните текстови се опишани бројни случаи на паѓање жешки камења и ѕвезди од небото, но внимание на сето тоа се обрнува дури во 30-тите години на 20-от век, кога пилотот Франциско Сарабиjа прелетувал над областа. Во тој момент, радиото престанало да свири, а инструментите во авионот почнале неконтролирано да работат… Областа станува извор и на други проблеми, кога во 70-тите години Американците ги истрелуваат првите ракети „Атина“, кои драстично го менуваат курсот, се упатуваат кон мексиканската пустина и се забиваат во песокот.

Жителите тврдат и дека чести посетители на ова место се НЛО. Д-р Сантјаго Гарсија кој го посветил својот живот на проучувањето на „Зоната на тишината“, претпоставува дека светлечките чинии се всушност роботи-разузнавачи кои тука ги тестира американската војска. Постои мислење дека во оваа област има огромни резерви на железна руда и дека таа е причина за потиснување на електромагнетните бранови. Докажано е и дека планинските карпи околу пустината, содржат значително количество ураниум. За да го проучуваат мистериозното место, неговите необични форми на живот и паранормални феномени, Мексиканците изградиле цело научно гратче со лабораторија…

Погледнете го и овој кус документарец за мистериозната област и за чудните случки во неа.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар