Универзумот нема да се откаже од вас: 12 духовни пораки што никако не смеете да ги игнорирате

Секојдневно добиваме разни видови знаци од универзумот, но не знаеме како да ги дешифрираме и да ги примениме. Понекогаш не знаеме да ја препознаеме помошта што ни се нуди. Таа честопати се појавува незабележливо, но дури и да ја забележиме, ја толкуваме како случајност.

Универзумот нема да се откаже од вас: 12 духовни пораки што никако не смеете да ги игнорирате

И покрај тоа, универзумот не се откажува од вас. Тој никогаш не престанува да ви праќа знаци во форма на физички симптоми или настани кои ќе ве принудат да излезете од вашата удобна зона. Обрнете големо внимание доколку забележите некои од следниве знаци…

1. Појави кои може да се протолкуваат како случајност, само што моментот е премногу совршен.

2. Соништа кои ви нудат пораки или предлози.

3. Книги или блогови кои директно говорат за она што моментално ви се случува во животот.

4. Физички симптоми кои означуваат нешто подлабоко, како што е болката во грбот.

5. Пречки на моменталниот животен пат. Ако нешто ви делува многу потешко одошто би требало, тоа може да е знак дека треба да одберете друг пат. Кога ја слушате вашата интуиција, нештата се одвиваат без многу напор.

6. Пораки кои се јавуваат за време на медитација.

7. Интуиција што не може да се занемари.

8. Изговорени зборови што ве погодуваат точно во сржта на вашето битие.

9. Внатрешно чувство дека се работи за нешто вистинито иако делува сосема лудо, неверојатно или недостижно.

10. Текстови од песни кои постојано се повторуваат.

11. Одговори на молитвите што ја определуваат насоката на вашиот пат.

12. Привлекувате личности кои ги делат вашите интереси и ве водат по животниот пат или пак ве придржуваат на патот.

Универзумот не говори секогаш јасно. Понекогаш знаците се збркани, но не затоа што универзумот не знае како да ви испрати јасна порака, туку затоа што вие не слушате доволно внимателно. Универзумот се обидува да воспостави комуникација со вас секогаш кога ќе ви се случи некоја коинциденција, како на пример кога ќе ви се отвори книгата на одредена страница или пак сонувате необични и збунувачки соништа кои не даваат директен одговор на вашите прашања.

Не заборавајте дека секогаш имате избор, без разлика што ви вели универзумот дека треба да направите. Можеби ќе бидете разочарани од одговорите што ќе ги добиете, па ќе решите да си останете доследни на себеси. Слободната волја е малку комплицирана кога е во прашање духовното водство. Но, секако дека не мора да ги послушате пораките на универзумот. Можете или воопшто да не им обрнувате внимание на знаците или да ги игнорирате целосно.

Но, кога ќе ви треба духовно водство, имајте на ум дека универзумот ќе ви ја понуди неговата помош, само ако сте доволно храбри да ги следите неговите насоки. Не заборавајте да се заблагодарите!

Доколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте подетално за 15-те начини на кои универзумот ви праќа пораки.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар