Тест: Кој ден од неделата сте вие?

Тест: Кој ден од неделата сте вие?

Вашиот омилен ден од неделата зборува многу за вас, речиси исто колку вашиот хороскопски знак. Дури и да не верувате дека е така, овој тест е забавен начин со кој ќе поминете дел од вашето слободно време. Одберете го вашиот омилен ден од неделата, денот кога се чувствувате најдобро, најмоќно и најпријатно во своја кожа, и прочитајте што тоа кажува за вас како личности.

test-koj-den-od-nedelata-ste-vi-kafepauza.mk

 

Понеделник

Направете место за ледената кралица! Понеделник е денот на оние кои се постојано зафатени со работа, преокупирани со својата кариера, постојано се со кафето во раце и не веруваат во опуштен живот без обврски, цели и задачи. Косата и облеката секогаш им е на место, секогаш со професионален изглед и доза на острина. Тие не го доживуваат понеделникот како депресивен ден, напротив, го гледаат како ден за нов почеток и нова можност да дадат сè од себе. Станува збор за личности кои не можат да безделничат и да не прават ништо, тие се одговорни и дијагностицирани воркохолици.

Тест: Кој ден од неделата сте вие?

Вторник

Вторник е денот на слатките и романтични личности. Девојките кои го избрале вторник не можат да избројат колку пара балетанки поседуваат, а истото важи за нивните џемпери во пастелни бои. Сакаат светли бои и нежни нијанси. Ја имаат испланирано до точка нивната венчавка, дури и ако сè уште не го пронашле младоженецот – сè ќе биде или во розово, нежна праска боја или пак небесно сина. Поседуваат премногу аксесоари за коса, најчесто венчиња со панделки и може да ги видите како во паркот го шетаат своето кученце – страшен ѕвер висок цели две педи. Станува збор за непоправливи романтичари и сонувачи.

Тест: Кој ден од неделата сте вие?

Среда

Станува збор за опуштени личности на кои навистина не им е грижа што другите мислат за нив и нивното хоби е прекршување на сите норми и традиционални и конзервативни правила. Овие девојки ќе ги видите во сосема опуштено издание – искинати фармерки, бела маичка и кожна јакна. Не им пречи да одржуваат пријателства со личности од спротивниот пол и воглавно се многу кул. Навидум нивната „искулираност“ ве наведува да помислите дека не им е грижа за ништо, иако не секогаш тоа е така. Во суштина може да станува збор за интровертни личности кои својата срамежливост ја кријат со ставот не-ми-е-гајле или нејќам-да-комуницирам-со-здодевни-личности.

Тест: Кој ден од неделата сте вие?

Четврток

По малку нестабилни личности и големи филозофи кои за сè размислуваат премногу, но знаат да бидат навистина шармантни. Нивната соба по малку е хаотична и имаат свое катче каде се изолираат од светот, читаат или пишуваат. Неретко се чувствуваат како марсовци меѓу другите луѓе и тврдат дека не можат да го поднесат местото каде живеат, како и луѓето околу себе. Мечтаат и обожаваат да бидат сами со себе. Постојано се во потрага по причината и смислата за нивното постоење. Може да поминат часови читајќи нешто од сестрите Бронте или Вирџинија Вулф. Уживаат во тоа што се различни од другите и што не може секој да ги разбере. Кога станува збор за модата, обожаваат сè што е ретро и тврдат дека се минималисти. Немаат компјутер или пак не го користат често бидејќи преферираат да користат машина за пишување. И да, во план се да издадат роман во блиска иднина.

Тест: Кој ден од неделата сте вие?

Петок

Овие личности обожаваат да патуваат и не ги држи место. Секогаш може да ви зборуваат за своите авантури и искуства. Родени се во еден град, живееле во друг, а студирале во сосема друга земја. Тие се големи авантуристи, креативци и имаат големи идеи, со кои за жал, не секогаш одат до крај. Релаксирани личности за кои е тешко да не ви се допаднат. Им годи да бидат во центар на внимание и тој што ќе сака да им го одземе тоа место не е добредојден во нивно друштво. По малку се ексцентрични, како мали имале желка како домашно милениче, а нивното животно мото им е истетовирано на рамото. Може да ги најдете како лудуваат на некој концерт во сосема опуштено издание. Намерно не ја следат најновата мода и не им се допаѓа тоа што во моментот е многу актуелно и по што сите други лудуваат.

Тест: Кој ден од неделата сте вие?

Сабота

Нивни идоли се Ријана или Кејша. Обожаваат да се забавуваат до зори по што неретко си заминуваат пијани. Ретко ги гледате на дневна светлина, а доколку се случи тоа, ќе ги начекате навистина мамурни. Сакаат да бидат бунтовни, често со цел да привлечат внимание. Нивното животно мото е живеј како да нема утре. Но, неретко се чувствуваат осемени и пишуваат тажна или гневна поезија. Кога дечкото ќе ѝ го скрши срцето не се лекува со колачи и романтичен филм, туку оди и му ја гребе колата. Сепак, длабоко во себе фантазира за мирен живот и стабилна љубовна врска иако никогаш нема да го признае тоа.

Тест: Кој ден од неделата сте вие?

Недела

Вистинска хипи девојка која обожава да носи цвеќиња во косата. Оние кои избрале недела се грижат за своето здравје, можеби и премногу. Редовно одат на јога, сакаат да се поврзат со духовноста и да најдат излез од лудиот свет во кој живеат. Не се срамат да признаат дека иако возрасни сакаат да гледаат цртани филмови или да читаат сказни. Некогаш знаат да бидат навистина меланхолични и веруваат во парче накит кој ќе им донесе добра среќа. Веруваат во карма и судбина. Зборуваат смирено и понекогаш ги развлекуваат зборовите. Во друштвото се вистинско рамо за плачење и многу полесно им е да се искажат преку пишаниот збор.

Тест: Кој ден од неделата сте вие?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар