Тажна приказна за обединувањето на едно невообичаено семејство

Оваа трагична приказна се случува во Саутемптон, Англија, каде што двајца татковци се обединуваат откако ја губат жената која ја сакале, за да ги израснат нивните заеднички деца. Поранешните ривали на љубовен план, Марк Мотрам и Стив Кук, се решаваат да живеат и да ги чуваат децата кои се родени од иста мајка под заеднички покрив. Тие се сложуваат дека станува збор за една малку необична заедница, но среќата на нивните деца, по ненадејната смрт на нивната мајка Ен, ја ставаат во преден план.Тажна приказна за обединувањето на едно невообичаено семејствоЕн била мажена со Марк, а во тој брак тие имале три деца: Лук (16), Тони (15) и Бен (8). Со нив живееле и двете поголеми ќерки на Ен: Зои (24) и Ејми (22), кои Марк ги сакал како свои. Откако се разделиле, Ен имала уште две деца со Стив: Били (4) и Кетрин (2), а на пат било нероденото бебе Џејмс.

Тажна приказна за обединувањето на едно невообичаено семејство

Мама Ен

Четириесет годишната Ен, била само на неколку недели од пораѓањето со нејзиното 8-мо дете, кога настрадала од фатален срцев удар додека спиела. Стив бил во куќата, дента кога Ен доживеала срцев удар и бил првиот кој се обидел да ја реанимира. Него го разбудила малата Кетрин, која почнала да плаче откако видела дека нејзината мајка не може да се разбуди. И покрај обидите да биде спасена, Ен починала, но докторите се бореле да го спасат животот на бебето Џејмс, во што успеале, но тоа починало по само 7 дена.

Ејми и Зои не живеат повеќе во фамилијарната куќа, а двајцата татковци решиле дека најдобро за нивните помали деца е сите да живеат заедно во иста куќа, која ја делеле со својата мајка.

Марк за новиот начин на живеење вели:
.

„Луѓето сметаат дека ова е чудно, но ние отсекогаш сме се сложувале, а сега тоа е поважно од кога било. Малку е чудна ситуацијата, но најважно е да бидеме тука за децата. Тие поминаа низ многу нешта, па нивната стабилност е на прво место. Всушност, станува збор за двајца таткови кои се грижат за своите деца. Јас се однесувам со Кетрин како со своја ќерка, а Стив се однесува со моите деца исто како да се негови.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. :) Reply

    taka i treba :)
    kvalitetnoto odgleduvawe na decata e prioritet, bravo so gaznale na edoto i klisinjata i so zaednicki sili si gi gledat decinjata :)

Остави коментар