Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките

Наместо да мислите дека живеете во себичен свет, во кој единствено можете да си верувате себеси, ослободете го духот и почнете да анализирате што би можеле да направите за да бидете попозитивни и посреќни. Човекот не може да се чувствува исполнето ако нема околу себе искрени луѓе, кои вистински го сакаат и почитуваат. Сите ние имаме чувства, желби, соништа… Тоа значи дека само доколку соработуваме заеднички, можеме да го направиме светот подобро место за живеење. Се прашувате како? Еве еден несекојдневен предлог.

Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките

Коцки за промени“ е навистина уникатен концепт направен од страна на холандската дизајнерска куќа Криејтив хироус, кој има за цел да го промени однесувањето на луѓето на еден весел начин – со едноставно фрлање на коцките. Засега се измислени три типа на коцки, на кои има по шест симпатични икони што прикажуваат што да направите во текот на денот за да се чувствувате хармонично, урамнотежено и исполнето. Секојдневното фрлање на коцките, ќе ве стимулира да направите мали промени во секојдневната рутина, кои можат да резултираат со изненадувачки позитивен ефект.

1. Коцка за љубезност

Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките

2. Коцка за здравје

Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките

3. Коцка за еколошка свесност

Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките

Концептот за жал, сè уште не е на продажба бидејќи дизајнерите бараат партнерство за производство на заровите. Доколку мислите дека ваквиот начин на негување на психичката состојба е одличен избор за вас, можете да ја оставите вашата имејл адреса на официјалниот веб сајт, за да добиете известување кога заровите ќе бидат ставени на продажба. До тогаш, вкулчете ја вашата креативност и рачно изработете нешто слично, кое секој ден ќе ви го покачува степенот на задоволство од сопствениот живот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар