Постојат 9 универзални карактерни групи: Во која спаѓате вие и кој е вашиот најдобар пар?

Без разлика дали сакате да ја подобрите вашата врска, да ја најдете вашата сродна душа или пак, да разберете тежок партнер, доколку ги знаете 9-те универзални карактерни групи во кои можат да се сместат сите луѓе, вие ќе бидете многу посвесни за вашите карактерни црти, ќе го цените партнерот повеќе или пак, ќе бидете поотворени кон нова врска доколку сте сингл…

postojat-9-univerzalni-karakterni-grupi-vo-koja-spagjate-vie-i-koj-e-vashiot-najdobar-par-kafepauza.mk

1. Перфекционист

Перфекционистите имаат високи стандарди. Тие знаат да бидат огромни критичари кон себе, но понекогаш и кон нивниот партнер. Мотивирани се да ги подобрат луѓето и светот околу нив. Можат да бидат доживеани како да сакаат да држат сè под контрола, како и опсесивни личности кои осудуваат, но и кои сакаат да бидат доживеани како совршени. Тие никогаш не би ни помислиле да побараат помош.

Најдобар пар: Авантуристот (ги учи перфекционистите како да се опуштат)

Најлош пар: Романтичарот (не се доволно продуктивни за перфекционистите)

2. Помагач

Помагачите ги ставаат потребите на нивниот партнер пред своите. Тие имаат проблеми со примањето, па затоа и имаат тенденција да работат или настапуваат за љубов. Тие се одлични слушатели. Често ги маскираат своите чувства, но имаат потреба да биде љубени. Способни се да манипулираат или да се претворат себеси во жртва со цел да добијат љубов. Ретко зборуваат за себе.

Најдобар пар: Наметнувачот (може да ги научи помагачите како да се заземат за себе)

Најлош пар: Романтичарот (ќе ги искористи)

3. Постигнувач

Постигнувачите се идентификуваат со својот успех и се водени од него. Најчесто не се во допир со своите емоции, ниту пак со емоциите на својот партнер. Тие се вредни, ефикасни, понекогаш со претеран натпреварувачки дух, како и нарцисоидни. Тие постојано сакаат да постигнуваат резултати. Може да го игнорираат својот партнер бидејќи се презафатени со работата.

Најдобар пар: Авантуристот (постигнувачите покрај нив можат да научат како да се забавуваат)

Најлош пар: Миротворецот (постигнувачите ќе ги гледаат како мрзливи и немотивирани)

4. Романтичар

Романтичарите сакаат нивните емоционалните потреби да бидат забележани. Имаат тенденција да бидат идеалисти во врските. Тие се креативни, топли, имаат потреба да бидат разбрани, лесно привлекуваат партнери, но имаат проблем при одржувањето на врската. Се обидуваат најсилно што можат да не бидат обични. Имаат тенденција да го менуваат лесно расположението како и да бидат депресивни. Водени се од својата интуиција. Очекуваат партнерот да им биде достапен во секое време бидејќи во спротивно ќе се почувствуваат запоставени.

Најдобар пар: Перфекционистот (иронично, но тие можат да ги научат на дисциплина и практичност)

Најлош пар: Помагачот (романтичарите стануваат претерано зависни од нив)

5. Набљудувач

Набљудувачите се љубопитни и имаат потреба да ги разберат сите детали. Тие се осаменици и имаат потешкотии при поврзување во врските. Најчесто доволни си самите на себеси. Тие не сакаат да изгледаат будалесто или глупаво и често се многу мудри и аналитични. Тие знаат да бидат тврдоглави и емоционално недостапни.

Најдобар пар: Авантуристот (може да ги научи како да станат позабавни и да гледаат повеќе перспективи во животот)

Најлош пар: Наметнувачот (тие ќе се полнат меѓу себе со гнев)

6. Лојален

Лојалните обожаваат безбедност, сигурност и не сакаат промени. Тие бараат одобрување, не се сигурни, но многу се лојални и одговорни. Тие исто така се и личности од доверба, но не им веруваат лесно на луѓето. Имаат тенденција да бидат одлични моногамни партнери. Знаат да бидат параноични, да се грижат премногу и да заземаат одбранбен став. Независни се.

Најдобар пар: Миротворецот (ги учат како да не го сфаќаат животот толку сериозно)

Најлош пар: Постигнувачот (тие ќе се чувствуваат запоставено покрај нив)

7. Авантурист

Авантуристите имаат потреба од слобода. Не можат да го задржат долго своето внимание насочено кон едно нешто и често брзо им досадуваат работите, особено во врските. Тие сакат да се забавуваат, избегнуваат страдање и негативност, многу се шармантни и спонтани, но знаат да бидат и немирни, импулсивни, недисциплинирани и бунтовни.

Најдобар пар: Набљудувачот (ги смирува)

Најлош пар: Перфекционистот (со тек на време тие им стануваат одбивни)

8. Наметнувач

Наметнувачите имаат тенденција да бидат гласни, понекогаш дури и агресивни. Ретко кога нешто ги заплашува. Имаат потреба да бидат слушнати, цврсто се потпираат на себе, директни се и се однесуваат заштитнички кон најблиските. Тие сакаат да доминираат, многу се нечувствителни, агресивни и сакаат да ги држат работите под нивна контрола.

Најдобар пар: Помагачот (ги учи на ранливост, нежност и грижа за други)

Најлош пар: Набљудувачот (им влијаат да станат повлечени)

9. Миротворец

Миротворците сакаат сите да се сложуваат, па затоа и често се медијатори. Тие одбегнуваат конфликти, се обидуваат сите да ги направат среќни и знаат да бидат многу пријатни и дарежливи. Тие се со широк ум, тврдоглави, пасивно агресивни и често осудуваат.

Најдобар пар: Постигнувачот (тие во нивна близина се поефикасни и попродуктивни)

Најлош пар: Лојалниот (им влијаат да станат поригидни и неодлучни, но и ги исполнуваат со грижи и анксиозност)

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар