Планирате да ја посетите Франција? Овие реченици ќе ви помогнат полесно да се снајдете и разберете!

Многумина го сметаат францускиот јазик за најромантичен на светот. И навистина, постои нешто неверојатно звучно во зборовите кои Французите ги изговараат, па и во самиот начин на изговор. Плус, ако некој згоден маж ви изјави љубов на француски, со она меко „р“ кое сите ние сакаме да го слушаме до недоглед, тогаш на вашата опседнатост со францускиот јазик ќе нема крај. Но, да ја оставиме шегата на страна.

1-patuvate-vo-pariz-ovie-rechenici-kje-vi-pomognat-polesno-da-se-snajdete-i-razberete-www.kafepauza.mk_

Доколку периодов патувате во Париз, во некој друг француски град, или пак во некоја друга земја која има француско говорно подрачје, би било добро да ги научите најчестите фрази од овој јазик, што многу ќе ви помогнат за да се разберете и снајдете. Запомнете, Французите не сакаат да зборуваат на англиски јазик, и ако веднаш започнете да зборувате на англиски со нив, може да се случи таа комуникација да биде целосно неуспешна. Меѓутоа, доколку ги прашате нешто на француски, а потоа преминете на англиски со извинување дека не разбирате сè, тие ќе го ценат вашиот труд и ќе им биде задоволство да ви помогнат за тоа што ви е потребно.

Parlez-vous anglais? (Парле ву англе?) – Зборувате англиски?

Pouvez-vous m’aider? (Пуве ву меде?) – Можете ли да ми помогнете?

C’est combien? (Се комбјен?) – Колку?

Je vais prendre… (Ж ве прондра…) – Јас ќе земам/нарачам (кога нарачувате во ресторан)

Il y a… (Или ја…) – Таму е/Таму се

Je ne comprends pas. (Ж н компрон па.) – Не разбирам.

Je ne sais pas. (Ж н се па.) – Не знам.

2-patuvate-vo-pariz-ovie-rechenici-kje-vi-pomognat-polesno-da-se-snajdete-i-razberete

Интересно е тоа што Парижаните користат бројни начини за да кажат „нема проблем“. Иако постојат милион различни фрази, обидете се додека сте во Париз, на пример ако некој случајно ве удри додека се разминувате, да му кажете:

Pas de problѐme! (Па д проблем!) – Нема проблем!

C’est pas grave! (Се па грав!) – Нема врска/Не е важно/страшно.

А тука се и бројните фрази кои често ќе ги слушате на улиците на Париз или некој друг град во Франција. Доколку сте учеле француски јазик во училиште, најверојатно во некој момент сте ги научиле, а доколку не сте ги чуле и научиле, ќе имате можност тоа да го направите сега, па макар на момент, користејќи ги, ќе се почувствувате како вистински жител на Франција.

3-patuvate-vo-pariz-ovie-rechenici-kje-vi-pomognat-polesno-da-se-snajdete-i-razberete-www.kafepauza.mk_

C’est super! (Се супер!) – Тоа е сјајно!

Allez-y. (Алези.) – Ајде. (се користи кога, на пример во супермаркет, ќе сакате некого да пуштите да оди пред вас.)

On y va? (Они ва?) – Ќе тргнеме ли?

Ça marche. (Са марш.) – Тоа е сјајно. (Кога ќе сакате да кажете дека нешто е добра идеја.)

C’est vrai? (Се вре?) – Во превод значи „Точно е“, но честопати се користи како прашање, за да се продолжи разговорот. Можете да ја користите и реченицата C’est pas vrai! (Се па вре!), која граматички е неисправна, но кога сакате да кажете „Невозможно!“ (кога не можете да поверувате во нешто). Честопати ќе ја слушнете ова фраза на улиците во Париз, додека одговорот кој следува по неа е Oui oui, c’est vrai (Уи уи, се па вре).

C’est sympa. (Се сампа.) – Тоа е убаво.

Bien sûr. (Бијан сур.) – Секако.

C’est-a-dire… (Сет а дир…) – Мислам…

En fait… (Онфе…) – Всушност/Во суштина…

Pas du tout. (Па ду ту.) Не, воопшто.

А доколку мислевте извиците како voilá (воала) и oh la lá (у ла ла) се само клише, можеме да ви потврдиме дека Французите многу често ги користат, иако тие тоа го негираат и не сакаат да го признаат.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. Mila Reply

    C’est combine pravilno se pisuva ” c’est combien” i ce cita (se kombjen) …a dokolku sakame da prasame kolku cini nesto se prasuva “ça coûte combien “. Pozdrav

Остави коментар