Неверојатната приказна на пар кој е 61 година во брак

Таа била убавицата во нејзиното училиште. Носела син фустан и продавала слатки зад училиштето, кога едно темнокосо 14-годишно момче со патерици поминало покрај неа. За Арлин и Марлин Бери ова било љубов на прв поглед.

(1)neverojatnata-prikazna-na-par-koj-e-61-godina-vo-brak-kafepauza.mk

„Ми беше жал за него“, изјавила Марлин.

„Постојано ми даваше слатки обидувајќи се да ме натера да се враќам за да ја видам. Не мораше да се обидува премногу штом сфатив дека ќе ми ги пишува домашните“, низ смеа додал Арлин.

Иако љубовта на Арлин и Марлин денес е очигледна, не било така отсекогаш. Развод, повторно венчавање, 5 деца и 61 година работење и жртви раскажуваат приказна за љубовта која трае и покрај сите предизвици.

Додека луѓето сметаат дека 50% од браковите пропаѓаат, приказната на Арлин и Марлин докажува дека бракот кој трае не само што е возможен, туку и вреди за секоја жртва.

„Тие беа упорни да ја одржат нивната љубов. Во никој случај не се совршени, но секогаш се мотивирале и си простувале, за нивна среќа и за среќата на нивното семејство“, изјавила Лени, најмладата ќерка на Арлин и Марлин.

Младиот пар се развел

(2)neverojatnata-prikazna-na-par-koj-e-61-godina-vo-brak-kafepauza.mk

Во средно биле во врска, а се венчале кога имале само 17 и 19 години. Но бракот брзо подлегнал на финансиските и емоционалните проблеми. По 4 години брак и 3 деца, Арлин и Марлин се развеле. Марлин ги зела 3-те момчиња, сите помади од 4 години и го напуштила нејзиниот роден град Барли, Ајдахо. Заминала да студира уметност во Јута. Арлин работел на изградба на патишта во Лас Вегас. И двајцата минувале низ тежок период кога биле одделени.

Нивната приказна била како и секоја, но тоа се променило

(3)neverojatnata-prikazna-na-par-koj-e-61-godina-vo-brak-kafepauza.mk

Како што Арлин се сеќавал, просторијата била исполнета со тишина. Солзи течеле по неговото лице, гласот му треперел и му било премногу тешко да ги изговори зборовите.

„Работев еден ден кога во мене почувствував нешто големо. Знаев што требаше да направам. Ѝ се јавив на Марлин и ја прашав дали може да се вратам.“

„Му реков да, но со некои услови“, рекла Марлин.

Во моментот кога Арлин ја проголтал својата гордост и побарал прошка, во моментот кога Марлин одлучила да му прости, било засадено семето на моќно наследство.

Повторно заедно

(4)neverojatnata-prikazna-na-par-koj-e-61-godina-vo-brak-kafepauza.mk

Во текот на следната година, Марлин и Арлин го обновиле нивниот брак. Арлин го работел истото, а Марлин ги завршила студиите. Потоа Марлин предавала англиски јазик додека Арлин почнал да студира. Семејството се преселило од Јута во Њујорк со амбиција да направат нешто од својот живот. Во наредните неколку години добиле уште 2 ќерки, па семејството Бери сега имало 7 членови.

„Понекогаш не знам како успеавме. Немавме ништо. Не знаевме што правиме, но може токму поради тоа успеавме. И двајцата бевме амбициозни и работевме напорно“, изјавил Арлин.

Што е потребно за да трае?

И двајцата споделувале пријатни сеќавања за бројните домови кои ги изградиле и уништиле, времето кога работеле и времето поминато со нивото семејство. Низ сето ова, нивната љубов само станувала посилна.

„Способноста да работиме заедно и да преминеме преку нашите несовршености е она што ја одржа нашата љубов. Го правевме ова за поголемата љубов која и двајцата ја имавме за нашето семејство, без разлика на фрустрациите кои ги имавме еден кон друг“, изјавил Арлин.

Кога ги прашале кој совет би го споделиле со другите парови, тие рекле дека тајната за љубовта која трае е способноста за простување, способноста за работење заедно, но и напорната работа. Како што кажал Арлин:

„Потребно е заедно да го издржите животот за да имате издржлива љубов.“

Ако ова не ве натера да верувате во вистинска љубов, прочитајте ги овие неверојатни вистински приказни.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар