Научник објаснува како истовремено може да верува и во Бог и во наука

Научник објаснува како истовремено може да верува и во Бог и во наука

Дали некогаш сте се запрашале дали научник може да верува во Бог? Додека истражувањата покажале дека научниците многу поретко се религиозни од останатите луѓе, една анкета покажала дека повеќе од половина научници веруваат во некоја виша сила. Една третина од научниците изјавиле и дека веруваат во Бог.

nauchnik-objasnuva-kako-istovremeno-mozhe-da-veruva-i-vo-bog-i-vo-nauka-kafepauza.mk

Професорот Џордан Петерсон предава психологија на Универзитетот во Торонто, а претходно работел и на Харвард. Тој е еден од научниците кои веруваат во Бог. Како научник кој е посветен на научниот метод за да пронајде објаснување за светот во кој што живееме, тој исто така е и Христијанин кој верува дека ни е потребна вистина поголема од онаа која сега ни ја нуди науката.

Проширување на поимот „вистина“

Веќе 20 години Петерсон размислувал за заедничките работи на науката и религијата. Тој изјавил дека читајќи го Карл Јунг сфатил дека луѓето имаат погрешно сфаќање за религиската вистина. Ова се заклучоците до кои дошол:

  • Религиската вистина е различна од научната вистина.
  • Религиската вистина била запишана во време кога не сме знаеле за наука.
  • Приказните во евангелијата не се научни теории.
  • Научната вистина ви ги покажува работите онакви какви што сте.
  • Религиската вистина ви кажува како би требало да се однесувате.

„Она што научната вистина ви го кажува е какви се работите. Религиската вистина, од друга страна, ви покажува како би требало да се однесувате. Тие не се исти.“

Религијата помага во создавање мапа за однесување во светот

Според Петерсон, важно е секој човек да се однесува на начин кој е добар за него како личност, за неговото семејство, за општеството и за неговата околина. Прашањето е, како да го направиме ова?

Петерсон смета дека религијата ни го дава одговорот на ова прашање. Религијата го разложува животот на најважните елементи, а со тоа ни приложува мапа на однесување. Таа ги користи работите кои се највистинити за нашите животи, ги поврзува со илјадници литературни или метафорички херои, и од секоја приказна го издвојува она што ја прави една личност херој. Крајниот резултат е живот кој ни дава поголемо значење. Според Петерсон, живеењето „религиозен живот“ го намалува егзистенцијалниот товар кај човекот. Со тоа вие сте поздрави и имате пониско ниво на стрес.

Мозокот е прилагоден да ни каже кога живееме значаен живот

Петерсон смета дека нашиот мозок еволуирал на тој начин што бара значење во она што го правиме. Нашиот нервен систем се адаптирал на овој начин на живеење, па знаците на значење ќе ни помогнат да живееме на работ помеѓу редот и хаосот. Со тоа наоѓаме значење во овој простор каде што сме делумно стабилни, делумно љубопитни и се однесуваме на начин кој го збогатува нашето знаење. Ние постојано учиме и созреваме, сте стабилизираме и обновуваме, и се обидуваме да бидеме продуктивни кон нас, нашето семејство, нашето општество и нашата иднина. Кога ќе добиете сигнал од вашиот мозок дека правите нешто значајно, вие ќе знаете дека живеете во таква состојба.

Користење музика за трансценденција

Петерсон вели дека музиката ни помага да ја постигнеме оваа состојба. Музиката ни создава хармонија. Ова го изјавил и Џејсон Силва, кој рекол дека музиката го кажува она што е неискажливо. Што има науката да каже за ова? Како што музиката има моќ да ни помогне да постигнеме нешто како трансценденција, истиот ефект го имаат и религиозните текстови. Тие се како водичи за чувствување на она што го чувствувате кога слушате музика.

Барање значење во нашиот живот

Од една страна, науката ни овозможила начин да учиме за универзумот и да создаваме нови идеи кои ни помагаат да развиваме технологии, да решаваме проблеми и да донесуваме правилни одлуки. Од друга страна, неверојатниот напредок на науката го натерала човештвото да ја занемари позитивната улога на религијата. Знаењето за светот не доаѓа само од она што сме го научиле, тоа доаѓа и од нашите искуства. Петерсон напоменува дека барањето на значење е главната движечка сила во животот на човекот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар