Најубавите љубовни стихови од песните на Владо Јаневски

Сподели

Владо Јаневски ги има отпеано некои од најубавите текстови кои некогаш сме ги слушнале. Тој успева со секоја своја песна на неверојатно сликовит начин да каже по нешто за љубовта. Неговите песни изобилуваат со прекрасни љубовни стихови од кои лесно може да се направи цела збирка поезија, а ова е само мал дел од нив.

Најубавите љубовни стихови од песните на Владо Јаневски

„Надвор е утро. Излегуваш од мојта соба тивко и на прсти, како лопов, со мојто срце в џеб.“

„Е, да, на времето имавме ти и јас наша тајна географија, од Бога и од луѓе да нè сокрие.“

„И тогаш, некоја будала ќе го спомне ко на шала твојто име, а јас без глас ќе те проколнам што не знам да те преболам.“

„Ти си тајна отровна од сите што ја кријам, која крв ми зоврива и не дава да спијам… Сè што разум зборува, срце не може да чуе… Љубовта ме лекува – љубовта и ќе ме отруе.“

„Се разденува, во стварност повторно се селиме… Како закана ни доаѓа време да се разделиме.“

„Љубовта е ретка птица брлива, без причина ќе слета и без збор ќе одлета некаде, кај друг да запее.“

„Кога спиеш, те гледам топла, пожелна и мека, и не можам да не мислам кој чека да му се вратиш ти.“

Најубавите љубовни стихови од песните на Владо Јаневски

„Заплеткан во свилена пајажина од грев и страсти, жив сум само кога на саат или два ќе сме сами.“

„И сè што нема да ти кажам пак од внатре ќе ме сотре, а може тоа што те сакам ќе престане од утре.“

„А сега одете си сите, сакам да сум сам. Не би ме разбрале ни да ви објаснам… Ве имам како свои, но ми фали едно лице сокриено во мојто непроѕирно срце.“

„Во овој свет на лаги само ти си вистина! Среде мрачен океан – единствен остров светлина.“

„Се трудам да те симнам од срце и од усна… под насмевка ја кријам осаменоста ко лузна.“

„Бакнежот е средба најубава на свет, мост на кој си идат душите во пресрет, а мојата те чека на пола пат.“

„На полноќ се палат запалки… на полноќ се љубат сказалки… А кому ли она вечерва нуди усни место вечера?“

„Во глава носам албум, а на секој лист – твоја слика и твој ракопис. Ми води чекор во познат декор штом го отворам.“

Најубавите љубовни стихови од песните на Владо Јаневски

„И без мене ти пак ќе постоиш, а мојто срце-шестар црта кругови околу твојот лик.“

„Јас кого би сакал ако не си ти и со кој би делел бол и радости? Моето срце ти е дом и одаја, од надеж светната и со нежност послана.“

„Ако не те сакам, зошто ми е мака кога ноќ ќе падне и ќе ми помине без тебе? Ако не ми требаш, тогаш што ми прави, кога ќе ме гушнеш, светла топлина во гради?“

„Ти ги знаеш сите мои мани, а пак ме примаш кога ќе нападне злоба и лудило од сите страни… мојот спас е твојто болно чекање.“

„Ти немаш право да прашаш како ми е без тебе и дали сум сам! Оваа рана на душа ќе ја зашие време и ќе заборавам…“

„Друга рака да ме допре освен твојата, в срце пелин ќе ми посади. Го враќам филмот, но да сфатам не можам зошто моите сни ти беа претесни?“

„Сегде околу нас љубов евтина, со рака просјачка и мантил искинат… но мојата ќе трае сè дур сум жив… твојто име да е мој последен здив.“

„Денес имам сто крила да полетам, утре пак на дно штом ќе им здосадам… Вака или така ќе си мине времето, само ти ќе ме сакаш еднакво.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    Уф,многу подобри стихови сте пропуштиле :) )

  2. име Reply

    Сегде околу нас, љубов ефтина, со рака просјачка и мантил искинат.
    А, мојата ќе трае, се дури сум жив..

  3. Лидија Reply

    Светло на прозорец на изглед обичен, а за мојта душа светилник :) ) тој е најубав

  4. Alex33 Reply

    Болката не значи да се предадеш затоа не плачи,ме имаш мене и гушни ме што и да е ќе помине. :D :D Дефинитивно најубав стих кој не сте смееле да го пропуштите :D

  5. S. Reply

    Најдобро е вака, кога љубам без да сакам !!

  6. Viki Reply

    Preubavo! Vaka treba da napravite i za pesnite od Karolina… Predobri se i tie! Tolku mokjni! Ednostavno, dopiraat do tebe…

  7. Martina Reply

    Во овој живот и во сите претходни, најубавото што ми се случило си ти. <3 Најубав стих..

Остави коментар