Мудри цитати на кои вреди да обрнете внимание!

Ако ви треба малку мотивација и инспирација во вашиот живот и нешто кое што ќе ве натера да размислите за вредноста на животот, тогаш сте дошле на вистинското место. Погледнете ги овие цитати од најголемите умови на светот кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

Мудри цитати на кои вреди да обрнете внимание!

„Сите ние бараме и гледаме некои магични и розови погледи таму над хоризонтот, наместо да уживаме во ружите кои цутат секој ден под нашите прозори“, Дејл Корнеги.

„За мене тепихот од борови игли или згужвана трева е далеку подобар и од најлуксузниот персиски тепих“, Хелен Келер.

„Погледни подлабоко во природата и тогаш сѐ подобро ќе разбереш“, Алберт Ајнштајн.

„Дрвото кое бавно расте дава најдобри плодови“, Молиер.

„Сонцето е вкусно, дождот е освежувачки, ветрот нè засилува, снегот нè восхитува; Навистина, не постои лошо време, туку само различни форми на доброто време“, Џон Рускин.

„Секогаш постои цвеќе околу оние кои сакаат да го видат“, Анри Матис.

„Немој никогаш да заборавиш дека земјата се восхитува на допирот од твоето голо стапало, а ветрот посакува да си игра со твојата коса“, Кахлил Гибран.

„Во секој предмет од природата има нешто величествено“, Аристотел.

„Најдобрата работа која некој може да ја направи додека врне дожд е да го остави дождот да врне“, Хенри Водсфорт.

„Ако еден начин е подобар од другиот, тогаш бидете сигурни дека тоа е природниот начин“, Аристотел.

„Без оглед на тоа каде одиш, без оглед на времето, секогаш носи го своето сонце со себе“, Антони Д’Анџело.

„Многу луѓе го сакаат снегот. Јас мислам дека тука станува збор за непотребно замрзнување на водата“, Карл Рајнер.

„Одморањето не е неподвижност. Да лежите на трева под едно дрво во еден летен ден, да слушате како водата жубори или да гледате како облаците пловат на небото, во никој случај не може да се смета за губење време“, Џон Лубок.


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар