Мистериозни технологии и пронајдоци кои се изгубени низ историјата

Во 21-от век ние настојуваме да ги гледаме древните технологии со малку презир. Но постојат повеќе изуми кои не им се јасни дури ни на модерните научници. Некои од нив можеби се само легенди, но ако успешно се направат денес, тие би го промениле светот.

Виолините Страдивариус

Антонио Страдивари живеел од 1644 до 1737 година. Тој е најпознат производител на музички инструменти низ историјата. Денес има околу 500 виолини кои се направени од него и кои достигнуваат цена до 10 милиони долари. Техниката и материјалите за изработка на виолини биле пренесени на 8-те наследници на Страдивари, но денес сето тоа е изгубено. Истражувачите само нагаѓаат како се одвивало производството.

Грчкиот оган

(2)misteriozni-tehnologii-i-izumi-koi-se-izgubeni-niz-istorijata-kafepauza.mk

Грчкиот оган бил користен од 7-иот до 12-тиот век од нашата ера и бил многу моќен. Експлозијата била придружена со „гром“ и чад, а огнот не можел да се изгасне со ништо друго освен со песок, оцет или огромна количина урина. Дали ова било некоја древна верзија на барутот? Војниците носеле и грчки огнени бомби кои ги фрлале рачно или со катапулт. Точниот состав на Грчкиот оган бил тајна и не е познат до денешен денес.

Челикот од Дамаск

(3)misteriozni-tehnologii-i-izumi-koi-se-izgubeni-niz-istorijata-kafepauza.mk

Овој челик се спомнува во Игра на тронови, но со други име, односно валирискиот челик. И двата материјали се многу поцврсти од нормалните сечила. Легендите кажуваат дека овој челик може да раздели влакно и лесно да пресече други мечови. Името го добил според главниот град на Сирија, еден од најстарите населени градови во светот, но не се знае дали бил правен таму. Во 1700-тите знаењето за неговото производство било изгубено.

Флексибилно стакло

(4)misteriozni-tehnologii-i-izumi-koi-se-izgubeni-niz-istorijata-kafepauza.mk

Луѓето користеле природно стакло, како опсидијан, уште од каменото доба. Најстарите стаклени предмети датираат од третиот милениум п.н.е. и една римска легенда вели дека постоело и флексибилно стакло. Имало приказна за стаклар, или алхемичар, кој направил нешто толку неверојатно што му било однесено на императорот Тибериј Цезар. Императорот го земал садот направен од ова стакло и го фрлил на подот. Садот се свиткал но не се скршил. Плашејќи се дека овој нов материјал може да ја намали цената на златото и среброто, императорот наредил стакларот да се убие.

Митридатум

(5)misteriozni-tehnologii-i-izumi-koi-se-izgubeni-niz-istorijata-kafepauza.mk

Еликсир кој лекува сè звучи како нешто од видео игрите. Но оваа напивка со 65 состојки била лек за секој отров. Точниот рецепт е непознат и се менувал низ вековите. Еликсирот бил измислен од Митридат VI, крал на Понт, кој мислел дека мајка му полека го труела. Приказната кажува дека кралот пробал и да се убие, но не успеал со ниту еден отров. Рецептот за митрадиум бил пронајден во неговата соба и бил однесен во Рим. Во Средниот век, па сè до 1786 година, митридатумот бил користен како лек за сè.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар