Мисли од Џејн Остин

Автор: Бојана Мандевска

„Гордост и предрасуди“, „Ема“, „Убедување“, „Разум и чувства“, „Паркот Мансфилд“ – на што ве асоцираат овие наслови? Дали можеби Џејн Остин е една од вашите омилени авторки?

Станува збор за англиска романсиерка, родена во 1775 година во Стивентон, Хемпшир. Големата поддршка од страна на нејзиното семејство значајно придонело за развојот на Џејн како професионален писател. Најголемата слава нејзините дела ја доживеале по нејзината смрт.

Дозата на реализам како и грубите коментари и употребата на слободен индиректен говор и иронија во нејзините дела, придонеле Остин да стане еден од најчитаните светски автори и најобожавана писателка во англиската книжевност.

Многу мудри мисли се содржани во нејзините книги.

Мисли од Џејн Остин

 

„Пријателството е најдобар мелем за болката од љубовното разочарување.“

„Колку малку од трајната среќа му припаѓа на еден пар кој се зближил бидејќи нивните страсти биле поголеми од нивните доблести.“

„Постојат луѓе, кои, колку повеќе правиш за нив, толку помалку ќе прават за себе.“

„Знаете, себичноста мора секогаш да се простува, бидејќи не постои надеж дека може да се излечи.“

„Половината од светот не може да ги разбере нештата во кој ужива другата половина.“

„Ако жената се двоуми дали да го прифати мажот или не, тогаш без сомнеж треба да го одбие. Ако се најде во состојба да се колеба, дали треба да каже ‘да’, треба веднаш да каже ‘не’. Во бракот не смее да се влезе со несигурни чувства и со половина срце.“

„Суетноста и гордоста се различни нешта, иако овие зборови често се употребуваат како синоними. Човек може да биде горд без да биде суетен. Гордоста повеќе се однесува на нашето мислење за себе, додека пак суетноста на она што другите го мислат за нас.“

„Личноста, без разлика дали е господин или госпоѓа, која не ужива во добар роман, мора да е неподносливо глупава.“

„Штом толку многу часови поминав убедувајќи се себеси дека сум во право, зарем не постои причина да се плашам дека можеби грешам?“

„Никому не му пречи да има нешто што е предобро за него.“

„Со сигурност нема толку богати мажи во светот, колку што има жени кои ги заслужуваат.“

„Големата заработувачка е најдобриот рецепт за среќа за кој некогаш имам чуено.“

„Не постои шарм како нежноста на срцето.“

„Добро позната вистина е дека сингл маж кој има големо богатство мора да сака сопруга.“

„Пружи ѝ на девојка образование и добро запознај ја со светот, 10 наспрема 1 дека таа има сè што ѝ треба за да ѝ биде добро во животот, без понатаму да биде трошок за никого.“

„Понекогаш, жената може да изгледа подобро на дваесет и девет одошто изгледала 10 години претходно.“

„Ниеден маж не се навредува од воодушевувањето на друг маж од жената која тој ја сака. Само жената е таа која тоа може да го претвори во измачување.“

„Да им ласкате и да ги следите другите, без да ви ласкаат и да ве следат вас е состојба на полууживање.“

„Оние кои не се жалат никогаш не се сожалувани.“

„Кога мислењето е општо, обично е исправно.“

„Човековата природа е благонаклонета кон оние кои се наоѓаат во интересни ситуации, па кога млад човек ќе се ожени или ќе умре, со сигурност ќе се зборува добро за него.“

„Ако работите се одвиваат неповолно еден месец, сигурно ќе се поправат наредниот.“

„Суетата во комбинација со немоќна глава ги произведува сите зла.“

„Она што треба да се направи како што треба, не може да се направи премногу брзо.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар