Како некогаш им зборувавме на децата, а како им зборуваме денес?

Од пораките кои ги добивавме од родителите пред 20-30 години и пораките кои ги добиваат децата денес од своите родители, може да забележиме дека постои голема разлика. Се сложувате?

0-kako-im-zboruvavme-na-decata-nekogash-i-denes-www.kafepauza.mk_ copy

1985: Си се извалкал надвор. Мора да било лудо. Стави ги алиштата за перење.

2015: Немој никако да си се извалкал надвор! Не трчај, не скокај, не се тркалај по подот!

1985: Нема да станеш од маса сè додека не изедеш сè од чинијата.

2015: Не ти се допаѓа ова? Сега ќе ти зготвам нешто друго.

1985: Ако ти остане кусур, купи си мастика.

2015: Веќе стави неколку чоколади во корпата. Ова ти е последно.

1985: Врати се дома порано. Не може да си играш до толку доцна.

2015: Стани од тој компјутер и излези надвор.

1985: Наставничката те казни? Во ред, најверојатно си заслужил.

2015: Утре веднаш ќе одам да поразговарам со директорот. Не може таа така да се однесува со моето дете.

1985: Се скара со Марко? Решете го тоа утре насамо.

2015: Марко ти викаше? Утре ќе ѝ се јавам на мајка му.

1985: Гледај го цртаниот филм пред дневникот и право во кревет.

2015: Веќе два часа гледаш телевизија. Помина 10 часот, оди во кревет.

1985: Возрасните секогаш треба да ги поздравуваш. Кажувај им „Добар ден“.

2015: Не зборувај со никој кој не го познаваш.

2-kako-im-zboruvavme-na-decata-nekogash-i-denes-www.kafepauza.mk_

1985: Ја скрши омилената играчка? Сега ќе научиш да се грижиш повеќе за сопствените работи.

2015: Те молам не плачи. Сега ќе оди татко ти во продавница и ќе ти купи нова.

1985: Почитувана наставничке, Иван малку кашла, но сепак го пуштив да дојде на училиште.

2015: Ало, наставнички, Иван малку кашла, нема да дојде оваа недела на училиште.

1985: Не ме интересира како е кај Марко. Мене ме интересираш ти и твоето однесување.

2015: Ако Марко има/може тогаш и моето дете ќе има/може.

1985: Памет во глава!

2015: Веднаш заѕвони ми на мобилен ако има нешто…

1985: Ако не учиш ќе копаш канали/ќе чистиш тоалети/ќе бидеш ѓубрар.

2015: Ако учиш мама и тато ќе ти купат сè што ќе посакаш.

1985: Немој да ти повторувам два пати.

2015: Смири се и јади. Смири се. Јади. Те молам, смири се и јади. Ме слушаш? Смири се малку. Ајде јади.

1985: Не ме интересира кој е крив. Веднаш да го раскренете тоа.

2015: Одете во својата соба за да го исчистам овој неред што сте го направиле.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар