7 одлични идеи за вашиот роденден (кои не вклучуваат пиење додека не се онесвестите)

7 одлични идеи за вашиот роденден (кои не вклучуваат пиење додека не се онесвестите)

Доколку ви е здодеано да не ги помните вашите родендени поради големото количество алкохол, можеби е време да најдете нов начин на кој можете да го прославите овој ден. Постојат многу начини на кои можете и трезни да создадете незаборавни моменти, па ако сте расположени за промена, погледнете ги следниве 7 идеи кои можат да ви помогнат да создадете нови и прекрасни спомени за вашиот роденден.

9 одлични идеи за вашиот роденден (кои не вклучуваат пиење додека не се онесвестите)

1. Отпатувајте некаде далеку

Не постои подобар начин да го поминете вашиот роденден од ново и непознато далечно место. Испланирајте одмор со вашето семејство или најдобри пријатели и впуштете се во авантура која ќе ја помните до крајот на вашиот живот. На овој начин наместо да го уништите вашиот црн дроб во текот на само една вечер, вие ќе имате сеќавања кои понатаму ќе имаат моќ да ве подмладуваат.

2. Испланирајте дневна забава во парк

Не ви се потребни многу нешта со цел да можете да уживате во сончевите денови, особено за време на летото. Повикајте ги вашите најблиски и направете пикник во парк, со тивка музика и благи десерти. Овој роденден брзо ќе ви стане еден од најдобрите, бидејќи без алкохол ќе го помните секој момент.

3. Одете на плажа

Зарем треба да се има причина за да ја посетите плажата? Особено ако живеете покрај вода. Најдете место каде што нема многу луѓе и заедно со семејството или вашите пријатели направете забава која никогаш нема да ја заборавите. Бидејќи ќе бидете сами, воопшто не мора да внимавате дали сте гласни, па можете да пуштите музика и да танцувате додека имате сила. Останете цел ден, чекајќи го зајдисонцето, а откако ќе се стемни, бидејќи нема да има градска светлина наоколу, можете да го набљудувате чистото и неверојатно ѕвездено небо без никакви препреки. И наредното утро ќе го помните целиот ден.

4. Кампувајте на планина

Извадете ги старите шатори од подрум, оние кои сигурно не сте ги виделе од детството и повикајте ги вашите најблиски на планинарење. Излезете рано од сабајле и качувајте се додека не се стопли многу, а потоа поставете ги вашите шатори под сенка и уживајте во чистиот воздух. Покрај чаша вода.

5. Посетете член од фамилијата кој живее во друга држава

Постои ли некоја личност од вашата фамилија која долго време не сте ја виделе бидејќи живее далеку од вас? Доколку ви недостасува, вашиот роденден е совршената можност да ја посетите и да надополните за пропуштеното. Вие толку многу ќе разговарате, што едноставно нема да имате време за пиење.

6. Испланирајте целодневна екскурзија во друг град

Одберете град во Македонија, во кој никогаш не сте биле, и направете си авантура со вашите пријатели. Не постои ништо подобро од спонтано патување во непознат град со цел да се чувствувате подмладено. Бидејќи ќе ви биде потребна енергија за истражување на секој агол од ова место, вие сигурно нема ни да помислите на вашиот омилен пијалак.

7. Посетете музеј, зоолошка, забавен парк, спортски настан…

Секогаш можете да го искористите вашиот роденден како изговор да ги посетите сите оние места во вашиот град кој отсекогаш сте сакале да ги видите, но никако не сте успевале да најдете време. Од една страна вие ќе направите нешто ново, а од друга страна можеби дури и ќе научите нешто. Во секој случај сè е подобро од будењето со мислата „Каде сум и како сум стигнал/а до тука?“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар